Спорт
УЕФА му прогледа низ прсти на Белингем
Дисциплинската комисија УЕФА сепак нема да го казни англискиот фудбалер Џуд Белингем поради неговата гестикулација на натпреварот против Словачка.
Еден од најдобрите фудбалери на денешницата може да се извлече само со парична казна.
Германскиот Билд пишува дека ќе добие петцифрена казна, но оно што е важно е дека нема да прескокне ниту еден натпревар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Победи со пресврт на Сити, Арсенал и Вест Хем, осум гола на мечот Брентфорд-Вулвс
Во саботната попладневна сесија, во натпреварите од седмото коло на Премиер лигата, победи забелажаа Арсенал, Манчестер Сити, Лестер и Вест Хем, а Брентфорд во спектакуларен натпревар со осум гола го победи последнопласираниот тим на табелата Вулверхемптон.
Резултати, 7.коло:
Арсенал – Саутемптон 3:1 (0:0)
Хаверц 58, Мартинели 68, Сака 88 – Арчер 55
Брентфорд – Вулверхемптон 5:3 (4:2)
Колинс 2, Мбуемо 20, Норгард 28, Пинок 45+2, Карваљо 90 – Куња 4, Ларсен 26, Еит Нури 90+3
Лестер – Бурнемаут 1:0 (1:0)
Буананоте 16
Манчестер Сити – Фулам 3:2 (1:1)
Ковачиќ 32, 47, Доку 82 – Переира 26, Муниз 89
Вест Хем – Ипсвич 4:1 (2:1)
Антонио 1, Кудус 43, Бувен 49, Пакета 69 – Делап 6
Спорт
(Видео) Кил освои бод кај шампионот, Борусија падна во Берлин
Фудбалерите на Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд по победите во Лигата на шампионите непријатно ги изненадија своите навивачи во Бундес лигата. Актуелниот шампион Баер, на домашен терен испушти предност од два гола против дебитантот Кил, а Борусија загуби во Берлин од Унион со 2:1.
Бундес лига, 6.коло:
Унион Берлин – Дортмунд 2:1 (2:0)
Фохт 26 (п), Фертесен 45 – Рајерсон 62
Леверкузен – Кил 2:2 (2:1)
Бонифас 4, Хофман 8 – Гашвил 45+5, Арп 69
Бремен – Фрајбург 0:1 (0:0)
Доан 75
Бохум – Волфсбург 1:3 (0:2)
Боаду 72 – Томас 21, Ветер 37, 88
Спорт
(Видео) Жота за триумф на Ливерпул на Селхурст Парк
Фудбалерите на Ливерпул со победа над Кристал Палас го отворија седмото коло во Премиер лигата. Ливерпул со 1:0 го порази домаќинот и ја забележа шестата победа во сезоната. Ливерпул е лидер на табелата и тука ќе остане и по комплетирањето на седмата рунда.
Не им беше лесно на „црвените“ на Селхурст Парк пред 25.000 глоедачи. Мечот го реши раниот гол на Диого Жота во деветтата минута.
Жота го постигна 60-ти гол во дресот на Ливерпул на јубилејниот 100-ти натпревар во дресот на клубот од „Енфилд“.
Португалецот можеше да постигне уште некој гол но не беше прецизен во 35. и 62. минута.
Шанса имаше и Салах во 57. минута но Дин Хендерсон одлично одбрани, а шанси за домашниот тим пропуштија Исмаил Сар во судиското надополнување и Еберечи Езе во 84. минута.
Голманот на Ливерпул, Алисон се повреди во 77. минута, па до крајот на мечот на голот на гостите беше Чехот Витеслав Јарош.
First goal of Liverpool Vs Crystal place (0:1) D.Jota ⚽️ pic.twitter.com/qwtJccpNSM
— Jadkar (@JadkarFootball) October 5, 2024