Свет
Ердоган од трибините ќе ја бодри Турција во четврт-финалето

Турското претседателство официјално објави дека шефот на државата Реџеп Таип Ердоган ќе пристигне во Германија на саботниот четвртфинален натпревар на Европското фудбалско првенство меѓу Турција и Холандија.
Натпреварот ќе се игра во Берлин со почеток во 21 часот, а следува по дипломатскиот инцидент меѓу Германија и Турција што се случи поради реакцијата на турскиот фудбалски репрезентативец Мерих Демирал за време на осмина-финалето против Австрија.
Турција победи со 2-1, а двојниот стрелец Демирал вториот гол го прослави со гест што крена голема прашина.
Демирал со високо кренати раце имитира глава на волк гестикулирајќи знак што се поврзува со „Сивите волци“, ултранационалистички разгранок на Партијата за националистичко движење (МХП), која е коалициски партнер на турската владејачка партија АК, предводена од претседателот Ердоган. Во Германија потегот на Демирал беше осуден како расистички.
Германските медиуми објавија дека УЕФА го санкционирала Демирал со два натпревара, но Фудбалската федерација на Турција доцна синоќа ја демантира информацијата што ја објави весникот „Билд“ наведувајќи оти истрагата сè уште е во тек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Оштетен дрон пронајден на 40 км од границата на Полска со Белорусија

Локалната полиција потврди дека оштетен дрон за кој се верува дека учествувал во ноќен напад е откриен во селото Чосновка во источна Полска.
Чосновка се наоѓа на околу 40 км од границата на Полска со Белорусија.
Полската влада ги предупреди сите што ќе го пронајдат соборениот дрон да не му се приближуваат, велејќи дека „таквите предмети можат да останат опасни и мора да бидат проверени од експерти“.
Свет
ЕУ го осуди израелскиот напад врз Катар

Израелските воздушни напади врз лидерите на Хамас во Доха се кршење на меѓународното право и територијалниот интегритет на Катар, соопшти вчера вечер Европската Унија, предупредувајќи на ризиците од понатамошна ескалација на насилството во регионот.
„Изразуваме целосна солидарност со властите и народот на Катар, стратешки партнер на Европската Унија“, изјави портпаролот на шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, на Икс.
„Секоја ескалација на војната во Газа мора да се избегне – тоа не е во ничиј интерес. Ќе продолжиме да ги поддржуваме сите напори што водат до прекин на огнот во Газа.“
Катар, кој дејствуваше како посредник заедно со Египет во разговорите за посредување за прекин на огнот во речиси двегодишната војна во Газа, го осуди нападот како „кукавички“ и го нарече флагрантно кршење на меѓународното право.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нападот во Доха бил „целосно оправдан“ и дека бил нареден по нападот во Ерусалим во понеделникот и загинувањето на четворица израелски војници во Газа.
фото: принтскрин
Свет
Аналена Бербок ја презеде функцијата претседател на Генералното собрание на ОН

Поранешната германска министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, официјално ја презеде функцијата претседател на Генералното собрание на Обединетите нации во вторникот.
Таа положи заклетва во Обединетите нации во Њујорк.
Бербок (44) ја презеде функцијата од својот претходник, Филемон Јанг, поранешен премиер на Камерун, на почетокот на 80-тата сесија на Генералното собрание во Њујорк.
„Се радувам на соработката со вашиот наследник, новоизбраниот претседател Бербок, додека продолжуваме да бараме глобални решенија за глобалните проблеми“, рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Избрана и покрај руското противење
Бербок беше избрана на функцијата во јуни со огромно мнозинство, и покрај руското противење на нејзината кандидатура.
Политичарката од Зелената партија, која беше министерка за надворешни работи на Германија до мај, е само петтата жена што ја извршува оваа функција.
Позицијата е во голема мера церемонијална по природа и не треба да се меша со улогата на генералниот секретар на ОН.
Како претседател, Бербок ќе претседава со седниците на Генералното собрание и ќе помага во утврдувањето на дневниот ред и деловникот за состаноците.
фото: принтскрин