Свет
(Видео) Два вулкана еруптираа во Италија: улиците се чистат од пепел, аеродромот затворен
Еррупциите од италијанските вулкани Етна и помалите Стромболи, придружени со исфрлање врела пепел и лава, денеска го подигнаа нивото на тревога на Сицилија и ги принудија властите да го затворат аеродромот во Катанија.
Етна, еден од најактивните вулкани во светот, е исклучително активен во последните денови, а неговите ерупции го осветлуваат небото во близина на градот Катанија.
The Etna volcano has started erupting again
It is located in Italy on the eastern coast of Sicily.
Because of the eruption, the airport of Catania was closed. Residents of Sicily suffer from dust and ash – they have to walk along the streets under umbrellas or with bags on… pic.twitter.com/l9urtEqNvi
— NEXTA (@nexta_tv) July 5, 2024
Италијанската цивилна заштита издаде црвен аларм за Стромболи предупредувајќи на можно влошување на ситуацијата. Министерот за цивилна заштита, Нело Мусумеци, рече дека плановите за евакуација на населението во Стромболи се „во подготвеност“. Противпожарната служба на островот двојно го зголеми бројот на дежурни пожарникари.
L’Stromboli, l’Etna i el Popocatepetl. En un sol dia. Ahir pel matí. 🤔😏 pic.twitter.com/TxPYn25qvW
— JosepBastardas ☭ (@josepbastardas) July 4, 2024
Околу градот Катанија, на источниот брег на Сицилија, жителите и властите почнаа да ги чистат улиците од вулканска пепел. Поради вулканската пепел, пистата на аеродромот е оневозможена и откажани се сите полетувања и пристигнувања авиони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
По страшниот судир на возови во Шпанија, 6-годишно девојче е единственото преживеано од семејството
Во тешката железничка несреќа што се случи на југот на Шпанија загинаа 41 лице, а шестгодишно девојче е единствениот преживеан член од своето семејство, излегувајќи од остатоците на возот речиси без повреди. Меѓу загинатите се нејзините родители, братот и братучедот, јави Асошиејтед прес.
Според весникот „Ла Вангардија“, девојчето по несреќата било пронајдено босо на шините од припадник на Цивилната гарда, откако успеало да избега низ скршен прозорец. Нејзиниот братучед Хуан Баросо изјави за новинарите дека девојчето е во добра здравствена состојба и дека во болница ѝ биле ставени три конци на главата.
Градоначалникот на Пунта Умбрија, од каде што потекнува семејството на девојчето, Хосе Карлос Ернандес, изјави дека утеха наоѓа во фактот што девојчето е надвор од животна опасност.
„Многу луѓе се многу тажни поради жртвите од оваа страшна несреќа, но имаше и многу кои преживеаја, како чудото на девојчето кое е безбедно“, изјави Ернандес за новинарите денеска, откако предводеше минута молк за жртвите.
Во Пунта Умбрија е прогласена тридневна жалост за жртвите, меѓу кои и семејството Заморано Алварез, чие презиме го потврди градскиот совет. Семејството се наоѓало во предните вагони кои го претрпеле најсилниот удар кога возот, од сè уште неутврдени причини, излетал од шините.
Градоначалникот Ернандес потврди дека девојчето сега се наоѓа со бабата и дедото во хотел во Кордоба, најблискиот град до местото на несреќата.
„Има прекрасна фамилија која ќе направи сè што е потребно за да има среќен живот“, рече градоначалникот.
Фото: ЕПА
Свет
Данската премиерка: Нема да го продадеме Гренланд и покрај заканите од САД
Премиерката на Данска, Мете Фредериксен, изјави дека Копенхаген нема да се откаже од Гренланд поради американските закани за царини кои имаат за цел да ја принудат продажбата на островот.
Коментирајќи ја можноста ЕУ да воведе реципрочни мерки против САД, Фредериксен рече дека трговската војна меѓу сојузниците е „многу лоша идеја“, објави „Ројтерс“.
Иако се надеваше дека мерки како што е таканаречената „трговска базука“ можат да се избегнат, таа рече дека Европа мора да најде одговор ако САД воведат царини.
Сепак, Фредериксен посочи дека би претпочитала да се справи со безбедносните загрижености на САД со соработка. Таа рече дека Копенхаген предложил потрајно безбедносно присуство на Арктикот за таа цел.
фото/Depositphotos
Свет
(Видео) Макрон со очила за сонце одржа говор во Давос: Се движиме кон свет без правила
Францускиот претседател, Емануел Макрон, им се обрати на учесниците на Светскиот економски форум во Давос, велејќи дека ова треба да биде време на мир, стабилност и предвидливост, што предизвика смеа во салата.
Тој рече дека е очигледно дека светот влегува во период на „нестабилност и нерамнотежа“, и безбедносна и економска, предупредувајќи на „поместување кон автократија“ и војни низ целиот свет во текот на 2024 година.
„Конфликтот стана нормализиран“, заклучи Макрон, кој им се обрати на присутните со очила за сонце што ги носеше јавно во последните денови поради инфекција на окото.
Во својот говор во Давос, Макрон предупреди дека светот влегува во период на длабока нестабилност и дека постои закана од „движење кон свет без правила“, во кој меѓународното право се повеќе се „гази“ и преовладува правото на посилниот. Тој оцени дека ова е „многу загрижувачко време“, директно предупредувајќи за агресивната надворешна политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Зборувајќи за трговските односи, Макрон рече дека конкуренцијата од Соединетите Американски Држави во склучувањето договори што „ги поткопуваат нашите извозни интереси, бараат максимални отстапки и отворено имаат за цел да ја ослабат и потчинат Европа“, во комбинација со, рече тој, „бесконечното акумулирање на нови тарифи“, е „фундаментално неприфатливо“ за Европа.
„Уште посериозно е кога тарифите се користат како лост за притисок врз територијалниот суверенитет“, рече тој.
Американскиот претседател Доналд Трамп утрово јавно сподели порака што ја добил од Макрон, во која предлага состанок на Г7 на самитот во Давос во Швајцарија. Трамп, исто така, рече дека ќе воведе царина од 200 проценти на францускиот шампањ и вино ако е вистина дека Макрон не сака да се приклучи на неговиот „Комитет за мир“.
Извор близок до францускиот претседател утрово изјави дека заканите на американскиот претседател за воведување царина од 200 проценти на францускиот шампањ, поради намерата на Франција да ја отфрли неговата покана за учество во таканаречениот „Комитет за мир“, се неприфатливи.
фото/епа

