Црна хроника
Тешко повреден пешак, удрен со возило на планинскиот превој Стража

Вчера во 12.00 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на планинскиот превој „Стража“, патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, што го управувала С.Г.(38) од Охрид, удрило во пешакот Б.П.(22) од Скопје.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гостивар.
Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Во две сообраќајки во Македонија вчера повредени пет тинејџери

Петмина млади луѓе се здобиле со повреди во сообраќајни несреќи во текот на вчерашниот ден во Куманово и Неготино.
Во првата, околу полноќ, на улицата 523“во Куманово, автомобил управуван од Н.М.(26) од селото Герман, општина Ранковце, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и 15-годишна сопатничка, додека со телесни повреди се здобиле 14-годишна сопатничка и 16-годишен сопатник, сите од Куманово.
Втората несреќа се случила на патот Кавадарци-Неготино, кога патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од М.Н.(18) од с.Сирково, општина Росоман, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 17-годишната сопатничка, додека со телесни повреди Д.А.(19), двете од с.Сирково, констатирани во Итната медицинска помош Неготино.
Извршен е увид, соопшти МВР.
Црна хроника
„Ќе го однесам на мајстор, па одиме на нотар“ – измама при купопродажба на возило, сопственикот остана без своето „ауди“

Во тетовската полиција поднесена е кривична пријава против 21-годишниот В.Ф. од Гостивар поради сомнеж за измама.
Во текот на април 2025 година, пријавениот довел во заблуда лице од селото Тумчевиште така што склучиле договор за купопродажба на патничко возило. Му го земал возилото „ауди“, за да го однесе на мајстор за поправка со ветување дека потоа ќе отидат на нотар и ќе му ја плати договорената сума.
Според информацијата од МВР, „купувачот“ потоа ниту се јавил, нуту го вратил возилото.
Црна хроника
Охриѓанец почина по разговор во полициска станица, на излезот му се слошило

Седумдесет и петгодишен маж од Охрид (Ј.А.) почина по службен во разговор во полициската станица во овој град.
Според информацијата на СВР Охрид, на излезот од објектот на мажот му се слошило.
Со Итната медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Охрид, по што за помалку од еден час починал.
По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.