Спорт
Бразилските фудбалери на невиден начин го понижија својот тренер

Фудбалерите на Бразил беа елиминирани од Копа Америка по изведувањето пенали во четврт-финалето против Уругвај, иако го разочараа фудбалскиот свет поради друга причина.
Пред почетокот на пенал серијата, видена е сцена каква што ретко се гледа на ова ниво на фудбал: прегрнати, наредени еден до друг во круг, фудбалерите на Бразил правеа план пред најважниот дел од натпреварот додека селекторот „играше“ околу тој круг.
Никој не обрна внимание на тренерот Доривал Јуниор.
Тргната настрана, напорна за да земе збор, да сподели совети и упатства, секој таков обид на Доривал беше залуден. Во еден момент дури и ја крена раката за да биде забележан.
И тогаш никој не го ни погледна.
Репрезентативците на Бразил покажаа што мислат за својот селектор така што брутално го тргнаа од себе во моментот кога се договорија за клучниот дел од играта. Селекторот беше брутално исклучен.
Јасно е дека Доривал нема авторитет за бразилските ѕвезди, но под секое ниво е вака да се понижува тренерот пред очите на фудбалскиот свет.
Од другата страна на теренот – сосема поинаква слика.
Слика на заедништво и синергија помеѓу играчите и тренерите.
Уругвајците беа прегрнати во круг и додека нивниот тренер Марсело Биелса беше во центарот, држејќи го зборот, командуваше, додека играчите внимателно го слушаа.
Впрочем, не случајно пенал серијата отиде во рацете на Уругвајците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Венцислав и Дејан Недев викендов ќе одржат ИТКФ-карате семинар и полагање за тренери и судии во Лондон

На покана од Федерацијата за традиционално карате на Англија, др. Венцислав и др. Дејан Недев на 21 и 22 јуни ќе одржат карате семинар и полагање за мајсторски појаси во Лондон, Англија.
Се очекува учество на околу 200 каратисти од повеќе карате клубови низ цела Англија. На крајот од семинарот ќе се одржи полагање за мајсторски појаси, тренери и судии.
Минатиот месец, Недеви учествуваа и на голем меѓународен карате семинар со врвни јапонски инструктори — Оиши, Кавазое и Наито — од Јапонската Карате Асоцијација.
Спорт
Милинковиќ-Савиќ го договорил трансферот во Наполи

Вања Милинковиќ-Савиќ, голманот на Торино, се согласи да се пресели во Наполи.
Договорот помеѓу српскиот голман и актуелниот шампион на Италија треба да биде потпишан до 2029 година.
Според медиумите во Италија, преговорите меѓу клубовите исто така одат во добра насока, па се чини дека нема пречки голманот да се пресели во Неапол. Наполи за трансферот ќе издвои 18 милиони евра.
Во својата кариера, повремениот репрезентативец на Србија ги носеше дресовите на Војводина, Манчестер Јунајтед, Лехија Гдањск, Асколи, Спала и Торино.
Спорт
(Видео) Индијана ја декласира Оклахома, изедначи на 3:3 во финалето

Индијана Пејсерс изборија мајсторка за титулата во НБА лигата. Пејсерс го изедначија резултатот во финалната серија на 3:3, откако ги победија Оклахома табдер со 108:91.
И двата тима се борат за првата титула шампион на НБА, а за прв пат од 2016 година ќе се игра мајсторка во финалето.
Решавачкиот меч е закажан за понеделник во 2 часот наутро по средно европско време во Оклахома.
Индијана до победата ја предводеше Оби Топин со 20 поени, Ендру Нембхарт уфрли 17, додека Паскал Сиакам додаде 16 со 13 скока.
Повредениот Тајрис Халибартон забележа 14 поени и пет асистенции.
Во тимот на Тандер, Гилџес-Александар имаше 21 поен, Џејлен Вилијамс додаде 16, додека Ајзеа Џо со 11 и Изеа Хартенштајн со 10 поени исто така беа двоцифрени.