Контакт

Црна хроника

Акцијата „Којот“ откри 24 криминалци, полициски службеници и затвореник

Објавено пред

Полициски службеници, но и затвореник, се дел од криминалната мрежа која оперирала во Македонија, при што се криумчареле мигранти, се продавала дрога, а бил извршен и грабеж на банка.

dobivaj vesti na viber

 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи ја започна оперативната акција „Којот“, при што беше разбиена криминална група на подрачјето на Велес, Неготино, Гевгелија и Скопје. Во текот на минатата ноќ па се до утринските часови извршени се претреси на дом и други простории на 24 локации во Велес, Неготино, Гевгелија и Скопје кај повеќе лица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Разбојништва, Лажно претставување, Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, Криумчарење на мигранти и Злоупотреба на службената положба. Организатори на криминалната група се три лица од Велес, од кои еден вработен во Секторот за внатешни работи Велес. Групата почнала да дејствува од почетокот на 2015 година на национално и меѓународно ниво. Вршеле кривични дела од областа на насилниот криминал, недозволена трговија со дрога, криумчарење мигранти и коруптивни кривични дела. Во вршење на криминалните активности на криминалната група учествувале и полициски службеници од СВР Велес. Полициските службеници контактите и дејствијата при вршење на кривичните дела ги извршувале и за време на работа и во врска со својата службена положба притоа истата ја злоупотребувале со цел на криминалната група да им овозможат информации и друга помош и логистика за успешно извршување на кривичните дела, меѓу што и обезбедување на полициска униформа за вршење на кривичните дела, а во неколку случаеви и активно учествувале во извршувањето. Досега при претресите пронајдени се автоматски пушки, рачна бомба, пиштол, дробилка за марихуана, муниција за огнено оружје, службена документација – доставници за судски акти за извршување, документација од исплата на парични средства. По преземените мерки е утврдено дека припадници на криминалната група учествувале и во веќе документирани и процесуирани кривично-правни настани. Двајца од вкупно тројцата организатори на криминалната група биле организатори и на разбојништвото што се случи во Велес на 08.02.2016 година, кога од вработени во агенција за обезбедување  беа одземени четири касети сопственост на Стопанска банка во кои имало 4 милиони денари. Исто така, утврдено е дека првопријавениот 35-годишен велешанец на територијата на Велес и Штип подолго од една година организирал поголема мрежа на препродавачи – дилери на дрога. Првопријавениот ја набавувал дрогата-претежно марихуана (од Албанија или Скопје) и ја доставувал до други припадници на групата, кои пак преку посредници ја дистрибуирале до уличните дилери.Во делот на Кривичните дела против човечноста и меѓународното право од страна на организираната криминална група се испланирани, организирани и извршени неколку кривични дела „Криумчарење на мигранти“. Со криминалистичкото истражување утврдено е дека од страна на криминалната група е организиран транспорт на најмалку 559 мигранти. Криминалната група делувала и преку Казнено поправна установа затвор Гевгелија, каде осуденик учествувал во пронаоѓање на мигранти и првични договори за кривично дело криумчарење на мигранти, а основите за сомневања беа потврдени кога при претресот во затворската ќелија биле пронајдени мобилни телефонски апарати.Во рамки на истото криминалистичко истражување во претходните денови веќе лишени се од слобода пет(5) лица, во текот на денешниот ден пронајдени и лишени од слобода се уште четиринаесет(14) лица, по три(3) лица се уште се трага, едно(1) лице се наоѓа надвор од територијата на Р.Македонија и едно(1) лице се наоѓа на издржување казна затвор.Во текот на денешниот ден по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за погоре посочените кривични дела./крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Објавено пред

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Белград – Ниш, кај клучката Умчари, пишува српски „Курир“.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила кога патничко возило „сеат“, со германски регистарски таблички, излетало од патот. Според неофицијални информации, возачот изгубил контрола над возилото, удрил во заштитната ограда и сообраќаен знак, по што автомобилот завршил надвор од коловозот.

Надлежните органи продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на околностите под кои се случила несреќата.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полицаец

Објавено пред

Полициски службеници од СВР Велес ноќеска во 02.10 часот го лишиле од слобода 49-годишниот  М.Н. од Велес откако  при контрола на ул. „Благој Ѓорев“  утврдиле дека вози со 1,62 промили алкохол во крвта. Откако бил приведен нападнал полициски службеник.

dobivaj vesti na viber

Како што денеска информираат од СВР Велес, при сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал М.Н. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта. Тој бил приведен во полициска станица, каде физички нападнал полициски службеник. Известен бил  јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297-а и 383 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, најавија од СВР Велес.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Почина малолетник, со мопед удрил во бетонски столб

Објавено пред

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб во неготинско Тимјаник, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

dobivaj vesti na viber

– Денеска во ОВР Неготино е пријавено дека во 00:50 часот, во село Тимјаник, неготинско, мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од село Тимјаник, удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино, соопштија од СВР Велес.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот малолетник било дадено на обдукција.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија3 часа

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија3 часа

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет5 часа

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...

Македонија20 часа

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34. Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување...

Македонија21 час

Откажани летови и отежнат авиосообраќајот на скопскиот аеродром поради маглата

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот...

Македонија24 часа

Почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас

Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас кај нас. Откако неодамна Перо...

Македонија1 ден

На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари...

Македонија1 ден

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста...

Македонија1 ден

Скопје руши рекорди по загаденост, утрово е втор град во Европа

Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.  Доколку...

Македонија1 ден

Дедо Мраз од Лапонија ќе дојде со волшебен воз на Железничка во Скопје

Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува  од денеска 30 декември на Железничката...

Топ2 дена

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија2 дена

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија2 дена

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија2 дена

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија2 дена

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија2 дена

Андоновски: Македонија рангирана во А-групата за дигитален напредок според Светската банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...

Македонија2 дена

Измените на Кривичниот законик се само уште едно крпење на правниот систем, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост и негодување во однос на најновите предлог-измени на Кривичниот законик кои се најдоа пред...

Македонија2 дена

Надминат прагот на штетни честички во воздухот во Скопје, надлежните активираа мерки

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух...

Македонија2 дена

„’Лотаријата’ функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчел за криминалот од 1 милион евра поради опстанок на власт“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС за да опстане ден повеќе на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами,...