Свет
(Видео) Русија: Ги уништивме „Хирмас“ со кои Украинците убиваа луѓе на плажа
Руските сили ги уништиле ракетните фрлачи „Хирмас“ со кои минатиот месец бил нападнат Севастопол, соопшти руското Министерство за одбрана. Русите споделија и видео за кое тврдат дека го покажува моментот кога е уништен „Хирмас“.
„Операторите на беспилотни летала на руските вооружени сили открија три ракетни фрлачи „Хирмас“ кои се движат и заземаат скриени позиции во шумски појас во регионот Херсон“, соопшти Министерството.
Claimed strike on 3 HIMARS launchers, make up your own mind. I cant tell. pic.twitter.com/A5zfFHvRmg
— Adam 🏴 (@YepAdam_) July 8, 2024
„Со „Искандерс“ извршивме ракетен напад на камуфлирани позиции и уништивме три ракетни фрлачи и до десет странски експерти одговорни за користење на фрлачите“, додаваат Русите.
Москва тврди дека Киев ги користел оза да „изврши криминален напад врз Севастопол на 23 јуни“. Русите потоа ги обвинија Украинците дека ја нападнале цивилната инфраструктура во Севастопол со ракети вооружени со касетна муниција. На социјалните мрежи се рашири снимка на која се гледа моментот на удар на плажата каде што биле капачите.
Според руските податоци, биле соборени четири проектили, додека еден експлодирал над градот. Русите изјавија дека во нападот загинале четворица цивили, а повеќе од 150 биле ранети. Рускиот истражен комитет набрзо отвори кривична истрага за терористички напад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дете најдено живо по два дена од поплавите во Јабланица под урнатините на семејната куќа
Продолжува борбата на голем број спасувачи за пронаоѓање на живите исчезнати лица по катастрофалната поплава што пред два дена се случи во Јабланица и во околните населени места.
Според официјалните информации, досега животот го загубиле 18 лица, а по голем број се уште се трага.
Сепак се појави и една добра вест, спасувачите пронашле дете под урнатините на неговата семејна куќа. Успеале да го извлечат и итно бил пренесен во болница.
Момчето било пронајдено под плочата тешка два тона која се срушила одозгора.
Европа
Поради планирање на терористички напад обвиненија добија трoјца тинејџери во Германија
Суд во германската провинција Северна Рајна-Вестфалија поднесе обвиненија против тројца тинејџери за планирање на терористички напад, пренесува ДПА.
Осомничените, на возраст од 15 и 16 години, беа уапсени во април за време на велигденските празници. Тие планирале напад во согласност со целите на терористичката група „Исламска држава“.
Обвинителството тврди дека тинејџерите ги разменувале плановите преку апликацијата „Телеграм“ и разговарале за напади во цркви и полициски станици.
Регион
Во Јабланица прогласена тридневна жалост: Загинаа 15 лица, се трага по уште исчезнати
Градоначалникот на општина Јабланица Дамир Шабановиќ деновите од недела до вторник ги прогласи за Денови на жалост во врска со трагичната смрт на сограѓанин во природна катастрофа што го зафати подрачјето на Јабланица, пренесува Ал Џезира Балканс.
Деновите на жалост се одбележуваат со спуштање на знамињата на половина копје на зградите на општината и јавните установи основани од општина Јабланица.
Културни, забавни и слични програми нема да се одржуваат на јавни места, а физичките и правните лица кои вршат угостителска дејност, како и локалните медиуми ќе го приспособат своето работење.
Досега на подрачјето на Јабланица и Коњица се пронајдени телата на 15 лица, а по 10 до 15 исчезнати лица се уште се трага.