Спорт
(ВИДЕО) Гризман „лут“ на француските медиуми

Гризман лут на медиумите поради протекување на информации.
Францускиот репрезентативец Антоан Гризман нервозен поради објава на видео од тренингот на француските медиуми.
Имено, во пресрет на полуфиналето со Шпанија, камерите ги снимија избраниците на Дидие Дешамп како вежбаат удари од белата точка.
„RMC Sport“ го објави видеото и ги откри имињата на сите играчи кои ги вежбале пеналите.
Ова особено го налути Гризман, кој реагираше на социјалните мрежи.
“Па, одлично! Ви благодариме за информацијата”, рече саркастично тој.
Останува да видиме, дали оваа информација ќе биде корисна за голманот на Шпанија.
🇫🇷 👀 Comment les Bleus travaillent les tirs au but. pic.twitter.com/p8RxETJQEr
— RMC Sport (@RMCsport) July 6, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Италија ги прекина сите фудбалски натпревари во знак на почит кон папата

Италијанската фудбалска федерација соопшти дека сите денешни натпревари се прекинати поради почит кон починатиот папа Франциско.
Одлуката се однесува на сите нивоа на натпреварување – од највисоката лига Серија А до аматерски натпревари.
Во соопштението на Федерацијата се вели дека „тагува поради смртта на папата Франциско“.
Спорт
Консеисао: Кога Милан освоил два трофеи во една сезона?

Тренерот на Милан, Серж Консеисао, зборуваше за својата иднина по поразот од Аталанта во Серија А.
Славниот италијански тим тоне се подлабоко и подлабоко. Веќе во првата полусезона стана јасно дека нема да се борат за титулата во Серија А, а сега со 33 бода се се подалеку од местото на табелата кое води на едно од европските натпреварувања, па големи се шансите следната сезона да не учествуваат на ниту едно меѓународно натпреварување.
Милан ја има речиси единствената реална шанса да стигне до Европа доколку го освои Купот на Италија. Во среда во полуфиналето ќе се сретне со Интер (прв натпревар 1:1), што е меч кој според тамошните медиуми би можел да ја реши судбината на Португалецот на клупата на клубот.
„Откако пристигнав, го освоив Суперкупот и победив во првиот меч од Серија А и покрај тоа сите зборуваа кои тренери кои би можеле да дојдат во Милан“, изјави Португалецот за „ДАЗН“, а потоа продолжи:
„Во фудбалот сум 40 години, ако мене ме прашате се е во ред, но луѓето со кои работам ги следат сите овие приказни и тоа не ни помага да се стабилизираме. Мораме да работиме денес за да бидеме подобри утре. Искрено понекогаш ми е тешко кога гледам со колку малку почит зборуваат луѓето за тренерот на Милан како никогаш да не сум бил во соблекувалната, како никогаш да не сум бил во фудбалот. Тоа не е точно. Мојата однина е утре, да го подготвам мечот со Интер на најдобар начин и да го освоиме трофејот. Не знам кога последен пат Милан освоил два трофеи во една сезона, но тоа не е нормално“, изјави Консеисао.
Спорт
Мициќ се враќа во Евролигата

Српскиот репрезентативец, Василије Мициќ, според медиумите во Шпанија е на пат да се врати во Евролигата.
Според порталот „encestando.es“, репрезентативецот ангажирал нов менаџер и решил да се врати во најсилното европско клупско натпреварување.
Тимот за кој ќе настапува е Хапоел од Тел Авив, кој како победник на Еврокупот за оваа сезона избори пласман во Евролигата.
Двекратниот освојувач на Евролигата со Ефес, пред две сезони замина во НБА лигата, ги носеше дресовите на Оклахома, Шарлот, а сега и на Феникс.
Покрај Ефес, за кој настапуваше од 2018 до 2023 година, Мициќ беше член на Мега, Баерн, Црвена звезда, Тофас и Жалгирис.