Спорт
Голем пресврт, Фриц го исфрли Зверев од Вимблдон

Голем пресврт, Фриц го исфрли Зверев од Вимблдон
Американецот Тејлор Фриц по големиот пресврт го совлада Александар Зверев во осминафиналето на Вимблдон со 3:2, по сетови 4:6, 6:7, 6:4, 7:6, 6:3.
Мечот меѓу двајца тенисери траеше три часа и 33 минути.
Откако водеше со 2:0 во сетовите, Зверев делуваше самоуверено и никој не можеше да претпостави дека Фриц ќе се врати во мечот и ќе направи пресврт.
Американката направи брејк во третиот сет на 4:4 и намали на 1:2 во сетови. Во четвртиот сет немаше брејк, па беше решено со тај-брејк, во кој Американецот беше многу подобар.
Во петтиот сет, еден брејк му беше доволен на Фриц да му го зададе последниот удар на Германецот и да се пласира во четвртфиналето. Фриц во четвртфиналето на Вимблдон ќе игра против Италијанецот Лоренцо Музети.
Победникот од тој дуел ќе му биде потенцијален ривал на Новак Ѓоковиќ доколку пред тоа седумкратниот шампион на Вимблдон ги елиминира Холгер Руне и Алекс де Минор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Што и треба на Македонија за пласман на Светскто фудбалско првенство

Македонската фудбалска репрезентација одигра херојски во Гент и ремизираше против Белгија (0-0), задржувајќи го првото место во квалификациската група Ј. „Црвено-жолтите“ одиграа организирано и борбено, посебно во одбраната, и го спречија фаворитот да постигне гол.
По шест кола, Македонија има 12 бодови – еден повеќе од Белгија и два пред Велс, кои имаат натпревар помалку. Клучниот дуел за расплетот ќе биде меѓусебниот меч на Велс. Победа на Велс би бил најповолен исход за Македонија, која потоа со победи против Казахстан и Велс би обезбедила директен пласман на Мундијалот.
Следен натпревар: Македонија – Казахстан во Скопје (20:45 ч.), а потоа големото гостување во Велс на 18 ноември.
Спорт
Одложени кошаркарски натпревари поради локалните избори

Сите кошаркарски натпревари во младинска и сениорска конкуренција закажани од 14 до 19 октомври се одложуваат поради претстојните локални избори во Македонија.
Министерството за внатрешни работи (МВР) извести дека полициските службеници ќе бидат целосно ангажирани за обезбедување на изборниот процес.
Натпреварите ќе се одржат во нови термини од 20 до 22 октомври. Доколку клубовите се договорат, мечот може да биде одигран и по овие датуми, но само со писмена согласност и најдоцна до почетокот на следното коло (25–26 октомври).
Спорт
Позната е каква е состојбата со Мбапе

Килијан Мбапе мораше да го напушти теренот во финишот на Франција – Азербејџан поради болка во зглобот, но лекарите потврдија дека нема причина за загриженост.
Првиот стрелец на Реал Мадрид веќе имал слични тегоби, како на дуелот со Виљареал, но тоа не го спречи да постигне гол. Французинот ќе биде подготвен за следниот натпревар, а пред повредата го отвори резултатот за својата репрезентација.