Црна хроника
127 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 127 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, девет мерки за користење на мобилен телефон при управување, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, пет мерки за некористење на сигурносен појас, 13 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикл.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Таксист возел туристи, па сам од нивниот паричник си зел 1.700 денари за услугата
Вчера во 21.00 часот во СВР Скопје, Ј.К.(37) од Австралија пријавил дека околу 19.40 часот во Скопје, тој и неговата сопруга влегле во такси возило, кое ги однело од трговски центар во Скопје до крстосницата помеѓу бул.„Кузман Јосифовски Питу“ и ул.„Беласица“. За превозот на такси возачот му платиле 200 денари за еден километар.
Но, возачот им кажал дека не е доволно и од паричникот на оштетениот сам одзел околу 1.700 денари, а потоа им рекол да го напуштат возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Голема тепачка во Штип, се тепале две групи, а дел од нив побарале лекарска помош
Тепачка меѓу две групи од Кочани и Штип се случила утринава околу 3 часот во близина на ноќен клуб во Штип. Осумина кои учествувале во физичката пресметка побарале здравствена помош во Клиничка болница-Штип.
Од СВР-Штип потврдуваат дека работат на расчистување на случајот, кој во моментов се води како тепачка. Информиран е и јавен обвинител, а на распит се повикани неколку лица, за да се расчисти овој случај.
Црна хроника
Жена возејќи „ауди“ удри во паркирано возило и заврши во болница со тешки повреди
Вчера во 11.55 часот во ОВР Крушево било пријавено дека на ул.„Никола Карев“ во Крушево се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „форд” со крушевски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(61) од Крушево, удрило во паркирано „ауди” со крушевски регистарски ознаки.
В.Д. со возило на Итна медицинска помош Крушево била пренесена во Градска болница Прилеп, каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Крушево.