Македонија
Муртезани – Бомгартнер: во фокусот евроинтегративните процеси

Министерот Орхан Муртезани оствари средба со амбасадорот на Француската Република во Северна Македонија, Сирил Бомгартнер.
Во фокусот на дискусијата беа евроинтегративните процеси, билатералната соработка помеѓу Северна Македонија и Франција, како и можностите за нејзоно продлабочување.
Во 2021 година беше ратификуван договорот помеѓу Северна Македонија и Француската Република за основањето на Француската развојна агенција, ПРОПАРКО и Експертиза Франција во Северна Македонија, кој отвора можности за соработка особено во поглед на заштита на животната средина и климатските промени, економски развој и социјала.
Со назначувањето на Миа Матковиќ како нов експерт, Франција уште еднаш ја потврди нејзината поддршка за процесот на европска интеграција на Северна Македонија и нејзиното приближување до полноправно членство во унијата, велат од неговиот кабинет.
Говорниците ја потврдија заложбата за продолжување и продлабочување на успешната билатерална соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Општина Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на шибер од ф – 80 мм на ул. Руѓер Бошковиќ бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од бул. Осми Септември до раскрсница со ул. Никола Тесла. (општина Карпош).
Македонија
Мицкоски ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски в петок ќе присуствува на CPAC конференција во Будимпешта, Република Унгарија, соопшти владината прес-служба.
Мицкоски во рамки на посетата ќе се сретне со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
Македонија
Сојузниците од НАТО треба да трошат по 5 отсто од БДП за одбраната, му рекол Рубио на Муцунски

Државниот секретар на САД, Марко Рубио на средбата со шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, нагласил дека е неопходно сојузниците во НАТО да дадат поддршка и да постигнат 5 отсто издвојување за одбраната, соопшти Стејт Департментот во соопштение по средбата.
Двајцата ја потврдиле силната врска меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија и ги истакнале заедничките интереси во однос на регионалната стабилност, економската соработка и НАТО.
Тие разговарале и за можностите за проширување на економската соработка, вклучувајќи ја трговијата и инвестициите.
Муцунски по средбата соопшти дека е потврдено стратешкото партнерство со САД, а нашата држава продолжува да дава активен придонес како кредибилен сојузник, со инвестиции повеќе од 2 отсто од БДП во одбранбениот сектор.