Спорт
(Видео) „Зборувај сега, зборувај сега“: шпанското чудо од дете погледна во камерата и одговори на провокацијата на ривалот

Ламин Јамал е апсолутен хит на Европското првенство. Со само 16 години прави магии на фудбалските терени, а токму тој е најзаслужен што Шпанците со победата од 2:1 над Франција се враќаат во финалето на Европското првенство.
По седми пат во историјата ќе играат во големото финале, а досега трипати го кренаа трофејот.
По натпреварот, Јамал погледна директно во камерата и рече.
„Зборувај сега, зборувај сега“, извика младиот Шпанец.
Made Mr laugh 😅pic.twitter.com/TtAsY10qjf
— حسن الناقور Mr.Nagoor (@hasanalnaqour) July 9, 2024
Пред натпреварот, Адриен Рабио изјави дека младиот Шпанец ќе мора да покаже многу повеќе за да имаат шанса Шпанците да играат во финалето.
Одговорот не можеше да биде подобар.
„Јамал ќе мора да покаже повеќе од тоа што го направи досега доколку сака да биде во финалето“, изјави претходно Рабио.
Јамал навистина направи чекор напред против Франција. Постигна еден гол, создаде две шанси, двапати ја украде топката, доби шест дуели на земја и изнуди два фаули. На само 16 години постигна оценка осум.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ферстапен добил неверојатна понуда да го напушти Ред Бул

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, добил неверојатна понуда кариерата да ја продолжи во Астон Мартин. Доколку ја прифати ќе стане најплатениот возач во историјата на Формула 1.
Италијанската „Газета дело Спорт“ откри дека Астон Мартин на Холанѓанецот му понудил неверојатни 264 милиони евра за тригодишен договор.
Понудата ги опфаќа сезоните 2026, 2027 и 2028 година, а Астон Мартин очигледно нема намера да штеди пари кога е во прашање доведувањето на актуелниот шампион.
Според овој извор, зад оваа астрономска понуда стои државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија — Фонд за јавни инвестиции (PIF).
Овој фонд веќе поседува 20% од компанијата „Астон Мартин лагонда“, а преку нафтениот гигант „Арамко“ е и главен спонзор на тимот.
Договорот на Ферстапен со Ред Бул е до крајот на 2028 година, но одредени клаузули овозможуваат тој да биде и пред време раскинат.
Спорт
Во Реал можат да здивнат, Мбапе не е сериозно повреден

Повредата со која се здоби Килијан Мбапе на натпреварот против Арсенал не е сериозна. Тој ќе биде подгтовен за финалниот натпревар во Купот на кралот.
Французинот мораше да го напушти натпреварот во средата навечер поради повреда на скочниот зглоб. Реал загуби од Арсенал (1:2) и ја заврши сезоната во Лигата на шампионите.
Мбапе е суспендиран за дуелот со Атлетик Билбао овој викенд, а ќе го пропушти и гостувањето кај Хетафе в среда, за да биде целосно подготвен за финалето од Копа дел Реј на 26 април.
Мбапе оваа сезона постигна 34 гола и имаше четири асистенции на 49 натпревари во сите натпреварувања.
Финалето на Купот на кралот се игра на стадионот „Ла Картуха“ во Севилја во сабота на 26 април од 22:00 часот.
Спорт
Шортс ја предводи најдобрата петорка во Евролигата

Евролигата ги објави имињата на кошаркарите кои ги формираа првата и втората најдобра петорка.
Изборот, како и секогаш предизвика контраверзи, особено кога станува збор за првата петорка, во која се најде и натурализираниот Македонец, ти Џеј Шортс.
Забележливо е дека првата петорка е составена без центар, со три „единици“ и две „четворки“.
Покрај Шортс, во петорката се Карсен Едвардс (Баерн), Кендрик Нан (Панатинаикос), Најџел Хејс-Дејвис (Фенербахче) и Саша Везенков (Олимпијакос).
Во втората петорка се: Тео Маледон (Асвел), Мајк Џејмс (Монако), Еван Фурние (Олимпијакос), Хуанчо Ернангомез (Панатинаикос) и Валтер Таварес (Реал Мадрид).