Скопје
Акција на „Водовод“ – Скопје за отплата на долгови, без пресметка на камата до 31 јули
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ги известува јавноста и граѓаните на град Скопје дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек.
Акцијата за отплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок почнувајќи од 20.6.2024 заклучно до 31.7.2024.
„Ги повикуваме сите корисници што имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати за физички лица и 24 рати за правни лица, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање.
Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови, без пресметка на камата, не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани во согласност со Уставот и законот и институциите што вршат дејности од јавен интерес.
По истекот на овој период одлуката престанува да важи“, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје контактирајте на:
02 3073 010, дежурен информативен центар; 02 3240 300, дирекција; [email protected]; www.vodovod-skopje.com.mk; www.facebook.com/jpvodovod.skopje
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Новите објекти во Кисела Вода се приклучуваат кон системот за централно греење
Новиот директор на „ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија“, Петар Милетиќ, оствари средба со засегнатите страни со цел да се реши прашањето за приклучување кон системот за централно греење во новоизградените и објектите, кои се во изградба на потегот помеѓу булеварот Борис Трајковски и улиците Михаил Чаков, Народни херои и Лазар Димитров.
„Поради неажурноста и неодговорноста на претходното раководство, топловодот не бил реализиран неколку години, но конечно новото раководство наиде на разбирање и решение за овој проблем со изградба на нов секундарен топловод“, велат од ЕСМ.
Се додава дека со изградбата на секундарниот топловод ќе се создадат услови за приклучување кон системот за централно греење. Инвеститорите на објектите во согласност со своите обврски, конечно, ќе може да ја завршат постапката за приклучување на објектите кон системот за централно греење.
Во согласност со одобрението за градење бр. 13-2942/3 од 24.7.2024 година и правосилност од 3.9.2024 година издадено од страна на Општина Кисела Вода, „ЕСM Дистрибуција на топлинска енергија’ ДООЕЛ Скопје ќе почне со изградба на нов секундарен топловод А3.010 од постојна шахта 010 на вод АЗ, делница 005, за планирани објекти според ДУП Ј13 за населбата 11 Октомври, Скопје.
Исто така, како што се додава Милетиќ, во најкус временски период потпиша 27 согласности за испорачување на топлинска енергија во новоизградените објекти.
„Граѓаните може да бидат спокојни. Активностите ќе се изведуваат експедитивно, без застој и навремено, тоа јавно го ветувам“, истакна директорот Милетиќ.
Скопје
Изминатата седмица санкционирани 94 непрописно паркирани возила во општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 09.09. до 15.09.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 94 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар“, велат оттаму.
Скопје
Делови од Чаир без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците Славеј Планина, Кримска, Прохор Пчински и Топаанска (општина Чаир).