Црна хроника
Приведен крадец од Гостивар, расчистени три кражби

Вчера во 12.30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар на улица „Панче Попоски“ во Гостивар го лишиле од слобода 43-годишниот Т.М. од Гостивар, поради основано сомнение дека претходната ноќ извршил три кражби, во кои биле одземени половни делови од возила и алат, извести МВР.
„Кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, кои ќе бидат вратени на сопствениците, а тој е задржан во полициска станица и по комплетно расчистување и документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Матурант со автомобил удри во скопјанец, пешакот е тешко повреден

Сообраќајна несреќа се случи вчера на сервисна улица која ги поврзува булеварите Никола Карев и Крсте Мисирков.
„Автомобил ‘фолксваген лупо’ со скопски регистарски ознаки, управуван од Л.Ј.(18) од сeлото Сарај, скопско, удрил во И.Б.(67) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’ Скопје“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Во две сообраќајки во Македонија вчера повредени пет тинејџери

Петмина млади луѓе се здобиле со повреди во сообраќајни несреќи во текот на вчерашниот ден во Куманово и Неготино.
Во првата, околу полноќ, на улицата 523“во Куманово, автомобил управуван од Н.М.(26) од селото Герман, општина Ранковце, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и 15-годишна сопатничка, додека со телесни повреди се здобиле 14-годишна сопатничка и 16-годишен сопатник, сите од Куманово.
Втората несреќа се случила на патот Кавадарци-Неготино, кога патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од М.Н.(18) од с.Сирково, општина Росоман, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 17-годишната сопатничка, додека со телесни повреди Д.А.(19), двете од с.Сирково, констатирани во Итната медицинска помош Неготино.
Извршен е увид, соопшти МВР.
Црна хроника
„Ќе го однесам на мајстор, па одиме на нотар“ – измама при купопродажба на возило, сопственикот остана без своето „ауди“

Во тетовската полиција поднесена е кривична пријава против 21-годишниот В.Ф. од Гостивар поради сомнеж за измама.
Во текот на април 2025 година, пријавениот довел во заблуда лице од селото Тумчевиште така што склучиле договор за купопродажба на патничко возило. Му го земал возилото „ауди“, за да го однесе на мајстор за поправка со ветување дека потоа ќе отидат на нотар и ќе му ја плати договорената сума.
Според информацијата од МВР, „купувачот“ потоа ниту се јавил, нуту го вратил возилото.