Скопје
Герасимовски синоќа на терен во Капиштец и Дебар Маало: Мирот, безбедноста и квалитетниот начин на живеење на граѓаните се мојот приоритет
Во текот на изминатата ноќ градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со началникот на СВР, Сашо Топаловски, и директорот на ПОЦ, Душко Коцевски, спроведоа заедничка акција на терен со цел подобрување на безбедноста и јавниот ред и мир.
Акцијата се спроведе на најфрекветните делови во Дебар Маало и Капиштец. Особено внимание се посвети на зголемување на безбедноста, сообраќајниот метеж, непрописно паркираните возила, прекумерната бучава од локалите и јавниот ред и мир.

Градоначалникот Горан Герасимовски посочи дека проблемите со кои со соочува Општината и жителите на Дебар Маало и Капиштец мора да се решат.
„Мирот, безбедноста и квалитетниот начин на живеење на граѓаните се мојот приоритет. Акциите ќе продолжат и во наредниот период со цел да ја подобриме состојбата во нашата општина. Вечерва сме на терен во заедничка акција и постојано ќе излегуваме. Се надевам дека континуираните санкции за прекршување на законите ќе вродат со плод“, изјави Герасимовски.

Општина Центар апелира до сите граѓани за поддршка и соработка затоа што таа е од клучно значење за успешноста на ваквите активности. Герасимовски е благодарен за поддршката на граѓаните поврзана со вандализираните детски игралишта и очекува силна соработка поврзана и со овие проблеми. Општина Центар и Герасимовски ја поддржа петицијата на граѓаните кои ја поднесоа до МВР, Државниот пазарен инспекторат и другите институции со цел да се реши проблемот со гласната музика, нарушениот ред и мир, дивеењето и отежнатиот сообраќај на делот од улицата на која се наоѓаат угостителските објекти. Само заедно можеме да ја направиме нашата општина подобро и побезбедно место за живеење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од булеварот Партизански Одреди бр. 95, општина Карпош.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

