Скопје
Градоначалникот Ѓорѓиевски го отвори новиот спортски комплекс „Бецко“ во местото Дупки во Драчево
Синоќа градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го отвори новиот спортски комплекс „Бецко“ во местото викано Дупки во Драчево. На местото од некогашната депонија, непосредно до, лани отворениот рекреативен центар Феникс, сега на површина од 5000 квадратни метри има терени за фудбал, кошарка, одбојка и мал фудбал.

За прв пат во Скопје, овде има и мотокрос патека која веќе предизвика огромен интерес меѓу младите и љубителите на спортот. Во есен, ќе се изврши и пошумување на просторот, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој истакна дека овој нов спортски комплекс е именуван “Бецко”, по живата легенда од Драчево со која растеле многу генерации.

„Со огромно задоволство денес го отвораме новиот спортски комплекс во местото викано Дупки. Спортскиот комплекс ќе го носи името “Бецко”, по истоимената и жива легенда од Драчево со која јас и сите генерации растевме заедно. Ни беше како втор татко. Бецко, благодарам за сѐ!
На ова место, постоеше огромна дива депонија од која сите бегаа и го вртеа погледот, а сега блеска со нова енергија и живот. Пред една и пол година го отворивме забавно-рекреативниот центар „Феникс“, кој беше првиот чекор кон трансформацијата на оваа локација.

Денес, со голема чест го отвораме новиот, модерен спортски комплекс кој зафаќа 5000 квадратни метри. Овој комплекс содржи терени за фудбал, кошарка, одбојка и мал фудбал“, рече градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
„За прв пат во Скопје, овде има и мотокрос патека која веќе предизвика огромен интерес меѓу младите и љубителите на спортот.

default
Просторот е хортикултурно уреден, oграден, осветлен, со уредени пешачки патеки и урбана опрема, клупи и канти за отпадоци, со што нашите очекувања се дека ова ќе биде често посакувана локација за спортски активности, за дружење, и рекреација, место каде нашите деца ќе можат да растат здраво и среќно.
Воедно, тој претставува еколошки пример за тоа како од дива депонија може да се создаде зелена и уредена оаза.

default
Сакам да потенцирам дека јас и мојот тим сме посветени на заживување на сите места во нашата општина кои во себе носат потенцијал, а стратегијата за постигнување на рамномерен развој се огледува во обновувањето и градењето на спортската инфраструктура во сите населби и населени места.
Илустративно, во мојот тригодишен мандат, инвестирано е во 20-тина вакви спортски центри, кои сведочат за нашата визија и решеност да создадеме подобра иднина за сите нас.

Овие проекти се доказ за нашата посветеност и стремеж кон подобра иднина за сите наши граѓани. Нашата работа не завршува тука. Продолжуваме со истата динамика и посветеност за да обезбедиме уште повеќе можности“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре без вода делови од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на воздушен вентил на улицата Јустинијан Први (кај мостот), утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Во текот на јануари се отстранети 𝟤𝟩𝟨𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, беа отстранети и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број на записници – вкупно 32 – се врачени во скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.

