Свет
(Видео) Одроните и поплавите го уништуваат Непал, два автобуса завршија во реката, десетици мртви
Одрони во Непал денеска однесоа два автобуса со најмалку 65 патници во река, а од лизгање на земјиштето на други места во земјата загинаа најмалку 10 лица, соопшти полицијата.
Десетици загинаа во оваа хималајска земја од средината на јуни откако монсунските дождови предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави.
Seven Indians died and 50 are missing after landslides swept two buses into the Trishuli River in Chitwan district, #Nepal.
Local reports indicate three passengers escaped by jumping out. pic.twitter.com/3EZ4kV4XFY
— Sneha Mordani (@snehamordani) July 12, 2024
Властите ги мобилизираа армијата и полицијата во потрага по 65-те исчезнати патници, кои во раните утрински часови беа однесени од реката Тришули. Тоа се случи во областа Читван, околу 86 километри западно од Катманду, изјави портпаролот на полицијата, Дан Бахадур Карки.
„Имаше 41 лице во автобусот што патуваше од Катманду до Гаур и 24 лица во автобусот од Биргуњ до Катманду. И автобусите и патниците исчезнаа во реката Тришули“, рече тој.
Rescue and search operation underway after two buses carrying around 63 passengers were swept away into the Trishuli River due to a landslide on the Madan-Ashrit Highway in Central Nepal this morning. (Source: Nepali Army’s ‘X’ handle)#NepalLandslide pic.twitter.com/3iZ2wvoB0Z
— Mirror Now (@MirrorNow) July 12, 2024
Во областа Каски, 150 километри западно од главниот град, 10 лица загинаа кога лизгање на земјиштето однесе три куќи, додаде Карки. Најмалку 91 лице загинаа во лизгање на земјиштето и поплавите во Непал од средината на јуни.
Nepal is not for beginners 🤣 pic.twitter.com/yvKUSHQodD
— Inzi (@gunnerinjal) July 7, 2024
Премиерот Пушпа Камал Дахал во петокот на социјалните мрежи изрази жалење поради катастрофите и им наложи на владините агенции да спроведат ефективни операции за пребарување и спасување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Свет
Зеленски: Русија претпочита да продолжи со нападите отколку да се вклучи во дипломатија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави, по новите руски напади врз Украина, дека Русија претпочита да продолжи со нападите отколку да се вклучи во дипломатија.
Во текот на ноќта, две лица беа ранети во руските воздушни напади врз Киев, објавија властите на главниот град.
„Користењето на најстудените зимски денови за тероризирање на населението“ е поважно за Русија отколку дипломатијата, напиша украинскиот претседател на Телеграм.
Тој додаде дека руските сили извршиле напади со „повеќе од 70 ракети и лансирале 450 напади со беспилотни летала“ во текот на ноќта.
Свет
Техеран: Ако Америка нè нападне, ние ќе го нападнеме Израел
Советникот за одбрана на иранскиот врховен лидер Али Хамнеи и поранешен секретар на Советот за национална безбедност на Иран, Али Шамкани, предупреди дека Техеран е подготвен за потенцијална војна и ќе го нападне Израел во случај на напад од страна на Соединетите Американски Држави.
„Подготвени сме за можна војна. Ако САД нападнат, сигурно ќе го нападнеме Израел.
Непријателите се обидуваат да го проголтаат Иран, но тоа е невозможно, бидејќи тоа е залак што ќе им се заглави во грлото, бидејќи никогаш нема да успеат“, рече Шамкани во интервју за телевизискиот канал Ал Маџадин, поврзан со Хезболах.
Коментирајќи ја безбедносната ситуација, Шамкани рече дека Иран е подготвен за војна, но не бара конфликт, предупредувајќи дека секој напад врз Иран би довел до поширок регионален конфликт.
Тој додаде дека во случај на американски напад, одговорот би го вклучил и Израел, бидејќи, како што изјави, „овие две земји не можат да се гледаат одделно“.
Шамкани рече дека Иран нема да се откаже од својата поддршка за движењата на отпорот во регионот и дека верува оти притисокот врз Техеран е последица на неговата улога во тој контекст.
Тој нагласи дека преговорите со САД се можни само ако се напуштат заканите и притисоците и дека „проширувањето на преговорите на други прашања освен нуклеарната програма е надвор од прашање“.
Шамкани истакна дека не постои можност за префрлање на нуклеарните залихи на Иран во странство, наведувајќи дека „нема причина“ за тоа и дека нуклеарната програма на Иран е исклучиво за мирно време.
Како што изјави, Техеран е подготвен да го намали нивото на збогатување на ураниум од 60 на 20 проценти ако другата страна покаже сериозност и понуди соодветни отстапки. Шамкани повтори дека Иран не се стреми да произведува нуклеарно оружје, повикувајќи се на религиозна забрана издадена од врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи.
Коментирајќи ги разговорите што се очекуваат во петок меѓу специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, во Турција, Шамкани рече дека првично разговорите ќе бидат индиректни, но дека брзо би можеле да преминат во директни разговори доколку се создаде атмосфера на меѓусебно разбирање, објави Танјуг.

