Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лаже, имаме поповолни кредити и во овој момент, ова е политички кредит
„ВМРО-ДПМНЕ и Александар Николовски лажат, имаме поповолни кредити и во овој момент, со помала камата од договорениот во четири очи на Мицкоски во Будимпешта. Ова е политички кредит. Условите под кои се зема ова задолжување се далеку понеповолни, со камата повисока од најавената од 3,25% и сето тоа врз грбот на граѓаните“, велат од СДСМ.
„Македонија е веќе корисник на кредит од 150 милиони евра од Европската банка за развој по многу подобри услови и помала камата од 1,6% со грејс период од 24 месеци и рок на отплата од 12 години. Зошто без никакви други обиди преку контролирани механизми на задолжување од меѓународни финансиски организации Мицкоски сака да земе кредит во четри очи?“, посочуваат од СДСМ и додаваат:
„Задолжувањето на државата со нови 500 милиони евра од Унгарија, договрено во 4 очи, нема никаква врска со специјална економска соработка. Кристално јасно е дека позади ваквиот дил се кријат политички интереси кои многу брзо ќе излезат на виделина“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

