Македонија
(Видео) Кривична против Иљази, ја оштетила Токсикологија за речиси 660 илјади денари
Денеска, Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, Единица за корупција, во соработка со Одделот за криминалистичка полиција, поднесе кривична пријава против 29-годишната Бесија Иљази од Тетово поради постоење основано сомнение дека сторила кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето, предвидено и казниво по член 353 ст. 3 вв ст. 1 од Кривичниот законик.
Пријавената Б. И. во својство на в.д. организациски директор на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за токсикологија, пречекорувајќи ги своите службени овластувања во периодот од 14.2.2024 до 24.6.2024, а со намера да овозможи противправна имотна корист за 17 лица, на 15.5.2024 склучила 15 договори за дело со 15 лица, кои биле работно ангажирани на Универзитетската клиника за токсикологија (и други лица без регулиран правен основ за нивно присуство на Клиниката), по што, ретроактивно, за лицата наводно работно ангажирани, за април и мај 2024 година издала два платни налога и извршила исплата на месечен надомест на 31.5.2025 и 14.6.2024 за наводниот работен ангажман во вкупен износ од 659.781 денар, со вклучен персонален данок на доход.
Наведените исплати се извршени противправно за периодот кога со овие лица Клиниката немала склучено договори за дело и за периодот на избори, односно исплатите биле извршени спротивно на наведените законски одредби, при што за наведените исплати бил пресметан и исплатен персонален данок во износ од 23.334 денари за април и 42.647 денари за мај 2024 година, со што пријавената Б. И. ја оштетила ЈЗУ Универзитетска клиника за токсикологија за вкупен износ на извршените исплати со платен данок од 659.781 денар овозможувајќи им противправна имотна корист на претходно наведените лица во поединечни износи како претходно наведените месечни плаќања.
Имено, пријавената Б. И., иако знаела дека истиот ден кога е назначена за в.д. организациски директор во ЈЗУ Универзитетска клиника за токсикологија, се распишани претседателски и парламентарни избори, како и дека во согласност со член чл. 34 ст. 1 алинеа 3 од Законот за спречување корупција и судир на интересите, член чл. 8а ст. 1 алинеа 3 од Изборниот законик, како и член чл. 109 ст. 2 од Законот за здравствената заштита, таа не смее да склучува договори за вработување лица, договори за дело за работно ангажирање лица, како и вонредни исплати за време на избори и дека, за да бидат употребени во правен промет, тие задолжително треба да бидат потпишани од двајца директори, таа сепак склучила 15 договори за дело.
Исто така, на Б. И. ѝ било познато дека од страна на в.д. медицинскиот директор на ЈЗУ Клиника за токсикологија, на 28.3.2024 година се известени сите работници на Клиниката, чии договори се истечени, дека нивните обврски со Клиниката се завршени сѐ до нивно повторно ангажирање во согласност со забраните предвидени во член од Изборниот законик, но и покрај тоа, 11 здравствени работници со знаење на пријавената и без склучен договор за вработување или договор на дело продолжиле да доаѓаат на работа во Универзитетска клиника за токсикологија.
Во согласност со наведеното, пријавената извршила службени дејства што не смеела да ги изврши, односно Б. И. сторила кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето по чл. 353 ст. 3 вв. 1 од КЗ оштетувајќи ја Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за токсикологија за износ 659.781 денар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ковачки: Честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, продолжуваме обединети во нови победи
Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна, напиша на социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки откако беше избран на позицијата во партијата.
„Дадената доверба што ми ја укажа претседателот Мицкоски е обврска кон идејата, кон членовите на партијата и кон Македонија.
Благодарен сум за поддршката, за вербата и за можноста заедно да продолжиме по патот на сплотеност, чесна борба и посветена работа.
Благодарност до досегашниот генерален секретар Ѓорѓија Сајкоски кој несебично и целосно беше посветен на организацијата.
Продолжуваме обединети, со срце и со јасна цел во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и иднина каква што ја заслужува Македонија“, напиша Ковачки.
Македонија
Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски
Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
„Централниот комитет донесе одлука за избор на нов Извршен комитет на партијата, што претставува спој помеѓу искуството и дел од луѓето којшто се веќе дел од претходните состави на Извршниот комитет и нови членови коишто заедно со оние коишто во минатото беа дел од Извршниот комитет ќе го формираат новиот Извршен комитет на партијата“, посочи Мицкоски.
Овие одлуки, како што рече, се јасен показател дека партијата се менува и се прилагодува на новите предизвици.
„Нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе даде конкретни и одговорни решенија за потребите на граѓаните.
Во периодот што следува, влегуваме во фаза на кадровско екипирање и дополнително отворање на партијата кон нови идеи, нови луѓе и нова енергија. Ќе работиме на зајакнување на внатрешната организација, транспарентноста и инклузивнот процес на членството“.
Најави дека во периодот што следи ќе има доекипирање на структурата на партијата, а веќе во мај месец а најдоцна до јуни, ќе има и рекострукција на дел од ресорите во рамките на владиниот кабинет, а можеби, како што рече и во некои институции.
Досега, информира тој, не е направена таква анализа но во периодот кој следи, истата ќе биде направена.
Соопшти дека за нов генерален секретар е избран пратеникот Драган Ковачки.
Членови на Извршниот комитет се: Александар Николовски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска Кочоска, Тимчо Муцунски, Ѓорѓија Сајкоски, Никола Мицевски, Луке Галевски, Антонијо Милошоски, Дафина Стојаноска, Рашела Мизрахи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, Игор Јанушев, Марија Митева, Благоја Ташаминов, Орце Ѓорѓиевски, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша Стојановски, Стефан Андоновски, Филип Поповски и Бобан Николовски.
Огранизационен секретар е Ивица Томовски, а за шеф на кабинетот на Мицкоски продолжува да биде Владимир Неловски.
„Во услови кога имаме опозицијата која не нуди решенија и која е целосно безидејна, полна со проблеми, знаеме дека решението мора да биде силен граѓански инпут за силна и стабилна ВМРО- ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува по патот на обнова, обединување и подготовка за нови изборни победи, јасно е дека следните ќе бидат парламентарните избори, со една јасна цел – подобар живот за сите граѓани“.
Македонија
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните, велат од СДСМ
„Антилогика – ЗНАМ го напаѓа СДСМ затоа што Максим Димитриевски призна дека не живее од плата.
Па СДСМ само ја објави вистината, не може да им бидеме криви ние за признанието на Максим.
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните.
Тоа веќе сите го знаат“, велат од СДСМ.
Според опозициската партија, со ваквата политика, како што велат, сè да биде приватен бизнис на тендер коалицијата, веќе недостигаат две милијарди евра.
„Што се однесува на времето на ковид кризата државата се задолжуваше за да им помогне на граѓаните, бидејќи СДСМ и тогаш и сега, се грижи за граѓаните. За разлика од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ кои се луксузираат на грбот на народот и вратат тендери.
Таков е примерот со тендерот од 1,2 милиони евра Пошта, за фирмата блиска до ЗНАМ. Додека вработените во Пошта со месеци им доцнат платите.
Работниците да гладуваат, а тие да живеат во луксуз. Така е составен и буџетот, само за нивните потреби“.

