Европа
Москва: Дозволувањето украински напади врз Русија со западно оружје е опасна ескалација
Кремљ ги оцени како опасна ескалација изјавите на некои западни земји на неделниот самит на НАТО дека ќе му дозволат на Киев да го употреби нивното оружје за напад на руска територија.
Во четвртокот, шефот на канцеларијата на украинскиот претседател, Андриј Јермак, повика на укинување на ограничувањата за употреба на оружјето на западните сојузници против цели длабоко на руска територија. Ова, како што рече Јермак, ќе го промени односот на силите во војната против Русија.
„Слушнавме изјави од претставници на некои главни градови, како Лондон и други, кои не се грижат за какви било ограничувања по ова прашање, а гледаме и земји што се обидуваат да одржат рамнотежа и кои велат дека се против олеснување на условите за употребата на ракети со долг дострел“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите.
Тој додаде дека Москва верува дека ова оружје веќе се користи за напади на руска територија.
„На крајот, проектили веќе ја погодуваат нашата територија, а што се однесува до зголемувањето на дострелот, ова е чиста провокација, нова, многу опасна ескалација на тензијата“, рече Песков.
По притисокот од Украина и некои од нејзините европски сојузници, Соединетите Американски Држави се согласија на крајот на мај да ја сменат својата политика и да му дозволат на Киев да користи западно оружје за да напаѓа цели на руска територија како дел од својата одбрана од руската инвазија, но не длабоко на руска територија.
Јермак тогаш ја нарече клучна одлука, која ќе влијае на водење на војната, планирање контраофанзивни дејства и ќе ја ослаби способноста на Русите да ги користат своите сили во пограничните области.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Силен земјотрес во Романија
Околу 17:40 часот земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија, јави ЕМСЦ.
Земјотресот се случил на 62 километри северозападно од Бузау и на длабочина од 137 километри под епицентарот во близина на Бузау.
#Earthquake (#cutremur) possibly felt 19 sec ago in #Romania. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/7MbYZOb2L7— EMSC (@LastQuake) September 16, 2024
Сеизмичките прелиминарни податоци покажуваат дека земјотресот не требало да предизвика значителна штета, но веројатно многумина го почувствувале како лесна вибрација во подрачјето на епицентарот.
Европа
Бурата „Борис“ ќе се пресели во Италија
Обилни врнежи утре се очекуваат и во Австрија, Чешка и југоисточна Германија. Иако може да поминат уште неколку дена до падот на нивото на водата, времето ќе се подобри во централна Европа од средината на неделата. Бурата „Борис“ потоа ќе се префрли на југ во Италија, каде повторно ќе зајакне и ќе донесе силен дожд. Регионот Емилија-Ромања треба да биде најпогоден.
Научниците тврдат дека оваа рекордна количина на врнежи во Централна Европа е предизвикана од голем број фактори, меѓу кои и климатските промени. Различни временски елементи комбинирани за да создадат „совршена бура“ каде што многу студениот воздух од Арктикот се сретна со топлиот воздух од Медитеранот.
Моделот на атмосферскиот притисок значеше и дека бурата Борис долго време беше заглавена на едно место. Научниците велат дека потопла атмосфера задржува повеќе влага, што доведува до поинтензивни врнежи. Потоплите океани, исто така, доведуваат до поголемо испарување, хранејќи ги системите за бура.
Европа
Будимпешта се подготвува за пристигнувањето на водениот бран
Во Будимпешта, властите ги зголемија прогнозите за нивото на водата и предвидоа дека Дунав ќе се искачи над 850 сантиметри во втората половина на оваа недела, приближувајќи се до рекордот од 2013 година од 891 сантиметар.
„Според прогнозите, една од најголемите поплави во последните години се приближува кон Будимпешта, но ние сме подготвени да се справиме со тоа“, најави градоначалникот на Будимпешта Гергели Карачони.