Контакт

Македонија

Само три жени во Владата на Мицкоски значат итна потреба од субвенции за повеќе сервиси за чистење, готвење и пеглање

Објавено пред

Владата на Христијан Мицкоски, со само три министерки, ја врати земјата децении наназад во напорите за родово изедначување. Активистите за женски права и родова рамноправност овој чекор на премиерот го оценуваат како катастрофален и алармираат на итна потреба од отворање субвенционирани сервиси за чистење, готвење, перење, пеглање и сѐ што традиционално важи за примарна обврска на жената, квоти за учество на жените во влада и кампањи за разбивање на стереотипот дека водењето на државата е машка работа.

dobivaj vesti na viber

„Ова не е лошо, ова е катастрофа. Само три жени на министерски позиции сме имале пред две децении, а од тогаш досега водевме многу битки. Владата на Мицкоски значи назадување и уште повеќе значи итна потреба од отворање субвенционирани сервиси за сите работи дома, кои традиционално се сфаќаат како обврска на жената. Тука се чување деца, чистење, перење, пеглање, готвење… Треба жената да е растоварена од овие обврски за да може да се посвети на потенцијалот што го носи за понатаму оние што ќе се пронајдат себеси во политиката, да се охрабрат и да може неоптоварени да застанат на државнички позиции. Субвенции за вакви сервиси се повеќе од потребни. Ако една услуга, карикирам, чини 1.000 денари, државата да субвенционира 500 денари, на жените ќе им биде многу полесно да одвојат уште 500 од домашниот буџет и обврските да бидат завршени, а тие да се посветат на она што би сакале да го работат. Недозволиво е земја со 51 отсто од населението жени и повеќе високообразовани жени отколку мажи да има само три министерки“, вели Савка Тодоровска, претседателка на Националниот совет за родова рамноправност.

Од Националниот совет за родова рамноправност, пред изборите, на разговори и консултации ги повикале сите политички партии, но се одѕвала само ВМРО-ДПМНЕ. Добиле ветување од неколкумина претставници на партијата дека, доколку победат на изборите, нема да ја чепкаат Истанбулската конвенција, нема да го менуваат Законот за абортусот и ќе се залагаат за повеќе жени да влезат во извршната власт. Од тука, по назначувањето само три жени за министерки, Националниот совет за родова рамноправност испрати реакција до Владата, во која укажа на сериозната загриженост од недоволната вклученост на жените на сите нивоа на управување.

„Вознемирувачки е што исклучувањето на жените од извршната власт е силно евидентно во новоформираната влада. Претходната влада имаше скромни 25 % застапеност на жените во министерски улоги (5 од 16 министерства). Сепак, оваа бројка сега е намалена за половина, при што само 3 жени се на министерски позиции од вкупно 24 (или само 13 %). Овој регрес е особено алармантен со оглед на иницијативата на Комисијата за еднакви можности при Собранието на Северна Македонија од 2023 година, која имаше цел да воведе промени во Изборниот законик, кои подразбираа промена на постојните квоти за репрезентативни позиции (пристап 50-50, односно 50 % учество на жените во советите на локалните самоуправи и во Собранието), како и вклучување квоти за позициите со извршна и одлучувачка моќ (30 % за градоначалнички и 40 % за министерски позиции)“, стои во реакцијата на Националниот совет за родова рамноправност.

Во реакцијата Националниот совет укажува дека една од главните причини за недоволното учество на жените во политиката се токму недостигот на политичка волја и несоодветната поддршка од политичките партии за вклучување на жените што, пак, потекнува од родовите стереотипи.

 

ВМРО-ДПМНЕ молчи, во ЗНАМ немале соодветни жени за министерки, „Вреди“ ќе компензира на локалните избори

Иако поминаа речиси три недели од формирањето на новата Влада, и премиерот Христијан Мицкоски и партијата ВМРО-ДПМНЕ, како носител на победничката коалиција, молчат по реакцијата на Националниот совет за родова еднаквост. Претседателката на Националниот совет, Тодоровска, вели дека не добиле никаков повратен сигнал, ниту од власта ниту од опозицијата.

Христијан Мицкоски не даде никаков одговор ниту на прашањата од „Макфакс“ за недоволната застапеност на жените испратени и до Владата, и до партијата, и на социјалните мрежи.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија имаат објаснување зашто не предложиле барем една жена за двете министерства што ги добија.


„Се базираме исклучиво на квалитет и немавме соодветни жени, кои би ги предложиле на понудените министерски места. Сите наши членки, кои се во тесното раководство на партијата, добија функции, но кадровски не беа соодветни да ги предложиме за министерки“, вели портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов, за „Макфакс“.

За Тодоровска, немањето соодветен кадар не е оправдување.

„Сите партнери во владината коалиција ги навредија жените членки во партиите. Не им ги почитуваа професиите ниту, пак, им го препознаа и вреднуваа квалитетот. Во крајна линија, можеа да го следат примерот на ВМРО-ДПМНЕ, која за претседател поддржаа жена што не е нивен член. Сите можеа да го направат вакво нешто, а Мицкоски како мандатар можеше уште повеќе. Верувам дека можел да влијае кај коалициските партнери и да издејствува да предложат повеќе жени. Албанскиот партнер во владите неколку изборни циклуси наназад не предлага жени за министерки. Предлозите доаѓаат или од СДСМ или од ВМРО-ДПМНЕ во зависност од тоа кој е на власт, а тоа многу ни зборува за тоа каде треба се работи на разбивање на родовите стереотипи во следниот период“, вели Тодоровска.

Албанскиот партнер во Владата, коалицијата „Вреди“, најави дека сегашниот пропуст ќе го компензира на локалните избори в година со повеќе кандидатки за градоначалнички.

Волјата на партиите, која се наведува како еден од главните фактори за учество на жените во политиката, не е единственото нешто на кое треба да се работи. Анализата „Политичарките и медиумската пристрасност“ на Институтот за комуникациски студии ги отслика штетните родови наративи и родово базиран говор на омраза во онлајн-просторот насочени кон жените во политиката за време на претседателските и парламентарните избори годинава. Покажа дека речиси и да нема жени политичарки што се поштедени од навреди, сексизам, „ејџизам“, мизогинија, а на површина излегоа и традиционалните стереотипи, кои дополнително ги обесхрабруваат жените да се охрабрат да учествуваат во политиката.

„Преку онлајн-вознемирување, сексистички коментари и мизогини наративи жените во политиката често се изложени на понижувачко портретирање, кое ги зајакнува стереотипите за жените како слаби, емотивни или неспособни лидерки. Овие наративи не само што ги дискредитираат политичките достигнувања на жените туку ги обесхрабруваат и другите жени да влезат во политичката арена зацврстувајќи ја идејата дека нивното место не е во политиката. На овој начин дигиталниот простор служи како моќна алатка за перпетуирање на штетните стереотипи и инхибиција на целосното и еднакво учество на жените во политиката“, стои во анализата.

Од осамостојувањето до денес најмногу жени, шест, имаше во техничката влада на Оливер Спасовски од 2020 година

Од сите досегашни влади од осамостојувањето до денес жените биле најмногубројни во техничката влада предводена од Оливер Спасовски во 2020 година. Владата, заедно со премиерот, имаше вкупно 26 члена, а шест од нив беа жени, односно 23 отсто од членовите на тогашната влада беа жени. Радмила Шекеринска беше министерка за одбрана, Мила Царовска министерка без ресор, Нина Ангеловска беше министерка за финансии, Рената Дескоска раководеше со Министерството за правда, Рашела Мизрахи беше министерка за труд и социјала и Зорица Апостолска беше министерка без ресор задолжена за странски инвестиции. Оваа техничка влада, место 100 дена, имаше мандат од 3 јануари 2020 година до 31 август 2020 година оти ковид-кризата ги одложи изборите.

Нема ниедна жена само во првата експертска влада на Никола Кљусев од 1991 година. Веќе следната година, со изборот на првата политичка влада, во извршната власт влегуваат две жени. Сегашната претседателка Гордана Сиљановска-Давкова беше назначена за министерка без ресор, а Софија Тодорова за министерка за развој.

Четири години подоцна, во 1998 година, Љубчо Георгиевски формира влада со четири жени. Меѓу нив е Мерие Рушани, првата жена Албанка која беше министерка за образование. Во оваа влада Милијана Даневска беше министерка за развој, а Доста Димовска и Радмила Кипријанова-Радовановиќ беа вицепремиерки.

Ако се исклучи првата влада, во која немаше жени, минимално е учеството на жените и во владата на Никола Груевски од 2014 година. Тогаш имаше две министерки, но владата броеше, дотогаш рекордни, 26 члена заедно со премиерот, па учеството на жените беше 8 отсто. Во оваа влада министерка за внатрешни работи беше Гордана Јанкулоска, а министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Во периодот што следува здруженијата за женски активизам најавуваат пожестока борба со која ќе се издејствуваат измени во Изборниот законик, а кои ќе предвидат квоти за учество на жените во секоја влада и задолжителен процент жени градоначалнички.

 

Македонија

(Видео) Кузеска: Гласен молк на власта за најголемиот нарко-скандал во регионот

Објавено пред

Од

Гласен молк на власта за најголемиот нарко-скандал во регионот – заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која дошла од Македонија, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Таа додава дека и после десет дена од објавувањето на овој скандал нема одговори како 5 тони дрога, со неколку камиони, ја преминале македонската граница и кој ќе одговара?

„Молкот не е случајност туку јасен индикатор дека овој скандал води до врвот на власта и дека некој се обидува да го заташка. Затоа што е јасно, без поддршка и логистика на структури во власта, во МВР, во Царината и во други институции – ваква шверцерска операција на дрога не била возможна. Во медиумите беа објавени информации дека камионите што ја превезувале дрогата биле пломбирани. Ако е ова точно, се отвораат и нови аспекти за тоа кој се вмешан. Секоја стока што преминува преку граница мора да биде тарифирана согласно тарифни броеви. Ако на овој начин била пренесена дрогата, биле ставени други тарифни броеви што води до заклучок дека станува збор за организирана група, директно поврзана со повеќе институции“, рече Кузеска.

Според неа, ова е скандал од огромни размери, кој, како што ка, директно го разоткрива длабокиот криминал на владата предводена од ВМРО и премиерот Христијан Мицкоски.

Кузеска рече дека СДСМ бара итна, независна и транспарентна истрага за целосно расчистување на скандалот која ќе ги даде одговорите кој сѐ е вмешан и кој дозволил 5 тони дрога да поминат преку македонската граница и дали лицето Симе, кое јавноста го виде на фотографии со Мицкоски, е дел од оваа мрежа?

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Филипче: СДСМ повторно го поднесе законот за 600 евра минимална плата

Објавено пред

Од

Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за минимална плата, откако минатата недела беше вратен од страна на претседателот на Собранието, Африм Гаши, за некои технички недостатоци наводно. Меѓутоа нема да навлезам во причините за враќањето и насоките за тоа како треба да се средат некои работи, повторно ќе кажам од технички аспект во законот, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

dobivaj vesti na viber

Тој кажа дека СДСМ дава максимална поддршка на барањата на претставниците на Сојузот на синдикати.

„Сметаме дека минимална плата од 600 евра е нешто што работниците заслужуваат и им е неопходно потребно за достоинствен живот,во временски период кога синдикалната кошничка надминува 65/66.000 денари, кога една третина од трошоците одат за храна и пијалоци, дополнително тука се други трошоци и школски прибор за децата и така натаму, работниците заслужуваат да имаат достоинствен живот“, рече Филипче.

 

„Ако само во првите две години од нашиот мандат можеше социјалната помош да се зголеми за 300% и да стане социјалната помош од 3.000 на 11.700 денари, ако минималната плата тогаш можеше да се зголеми во тој само период пред да продолжи и после ковид кризата да стигне повеќе од дупло, да се зголеми од 8.000 на 14.500 денари, тоа е зголемување за 60-70%, ако можеа платите на здравствените работници да се практично и повеќе од дуплираат со зголемување на парите за дежурства, со зголемување на основната плата за 40%, во првите години од мандатот не може оваа влада да каже дека нема пари“, додаде тој.

Според Филипче срамно е владата да најавува купување на нов владин авион.

„Тоа е расипништво од невиден степен, исмевање во лице на овие луѓе што протестираат денес пред Собранието, коишто имаат вистинска мака и не може да врзат крај со крај“, рече Филипче.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Петрушевски: Заев и Филипче ја направија Македонија Колумбија на Балканот за шверц на марихуана

Објавено пред

Од

Наместо канабис за медицински цели, Заев и Филипче ја направија Македонија – Колумбија на Балканот за шверц на марихуана на црниот пазар, обвини Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Каде е менторот Зоран Заев, таму е и чиракот Венко Филипче кој дословно го учи занаетот. Каде има криминал, корупција, па и производство и шверц на дрога, таму е и Заев. Бизнисот со марихуана, кој наместо за медицински цели, очигледно, завршувал на црниот наркопазар, очигледно е дека поминувал со аминување на Заев и Филипче. Со ова, Македонија ја направија Колумбија на Балканот. Надлежните институции пред неколку дена, по детално спроведена истрага, запленија околу 40 тони марихуана од компании со лиценци за производство на канабис за медицински цели, истите оние фирми на кои Заев и Филипче им доделиле лиценци за работа“, рече тој.

Но, додава Петрушевски, медицинската марихуана била само параван за организиран криминал и нелегална трговија со дрога.

„Така, околу 30 тони или околу 70% од запленетата марихуана е од фирмата „ЦБД Медплант“ од Ново Село, блиска и поврзана со Заев, Филипче и СДС. Основач на оваа компанија Христијан Котев, син на Тони Котев, познат по прекарот М’гчев, човек близок до Зоран Заев и поранешен претседател на општинскиот одбор на СДС во Ново Село, а лиценцата ја добил во времето на Заев и Филипче. Сите знаат како во време на власт на СДС, Заев и Филипче се ваделе лиценци за производство на канабис за медицински цели. Најважниот услов кој требало заинтересираните да го исполнат е да бидат блиски на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче. Дека е така може да се заклучи и од паничните реакции на Заев и Филипче, каде што едниот се јавува со нејасна реакција на социјалните мрежи, а според сознанијата се интересирал и лично се јавувал за петте запленети тони марихуана, додека Филипче во паника се упатил кон јужната граница. Дали ова шетање на Филипче во Грција е само по барање на Заев? Дали имале средба и што било разговарано на истата?“, праша Петрушевски.

Според него, сите овие индиции и меѓусебни поврзаности на Заев и Филипче со шверцот на медицинската марихуана, Јавното обвинителство мора да ги истражи.

„Колку и да има таму лица под контрола на СДС, Заев и Филипче, мора да се издигнат, да се надминат себеси, да постапат согласно закон и да го истражат целиот случај. Како се издавале лиценците, кој се произведувал марихуана и зошто таа наместо за медицински цели, гледаме дека завршувала на црниот пазар? ЈО да истражи“, рече Петрушевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

(Видео) Филипче: СДСМ повторно го поднесе законот за 600 евра минимална плата

Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за...

Македонија53 минути

Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со запленетата марихуана, дали ќе има некакви одлуки...

Македонија57 минути

Најнов извештај: Во Македонија нема суштински напредок во борбата против корупцијата

Република Северна Македонија и годинава бележи 40 поени на Индексот за перцепција на корупцијата, што значи дека нема суштински напредок...

Македонија2 часа

Левица: Усвоен предлог – законот со кој се укинува дискреционото право на директорите за вработувања во болниците

На денешната седница, Собранието на Република Македонија, во прва фаза, го усвои Предлог-законот поднесен од Левица со кој се укинува...

Македонија2 часа

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

Добро утро на сите, освен на пратениците, поздрави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, пред почетокот на...

Свет3 часа

Лавров: Долг е патот до мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека нема причина да се биде ентузијастичен за притисокот на американскиот претседател...

Македонија4 часа

„Инјекција“ од 112 милиони евра од Владата за општините во годината на локалните избори, соопшти Центарот за граѓански комуникации

Денеска, Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од следењето на доделувањето пари од Владата за инфраструктурни проекти во општините...

Македонија4 часа

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски

Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени...

Македонија5 часа

ЈО да ја испита улогата на Заев и Филипче во случајот со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената...

Свет5 часа

Вознемирувачки епизоди и морничави детали од новите документи за Епстин

Јавноста во голема мера се фокусираше на откритијата за Доналд Трамп, Бил Гејтс, Илон Маск и други познати личности во...

Свет6 часа

(Видео) Објавена снимка од пронаоѓањето на телото на Џефри Епстин

Британскиот „Телеграф“ објави досега невидени снимки од надзорни камери кои го прикажуваат моментот кога затворските чувари го пронашле телото на...

Свет6 часа

Американски конгресмен: Аферата Епстин може да биде крај на монархијата

Член на американскиот конгресен комитет што ја истражува аферата Епстин изјави дека скандалот би можел да означи „крај на монархијата“....

Свет7 часа

(Видео) Насилни протести во Сиднеј: Демонстрантите се судрија со полицијата

Триесет лица се уапсени, а десетици демонстранти побарале медицинска помош во Сиднеј откако избувнаа судири со полицијата поради посетата на...

Европа7 часа

(Видео) Нови детали за филмскиот напад во Италија: Разбојниците се преправале дека се полицајци

Организиран и вооружен напад врз возило за трансфер на пари беше извршен вчера утрото на автопатот SS613 што ги поврзува...

Свет7 часа

Мета и Гугл обвинети за намерно предизвикување зависност кај млади корисници

Судењето против Мета и Гугл започна во понеделник во граѓанскиот суд во Лос Анџелес, а адвокатите на тужителите ги обвинија...

Свет7 часа

(Видео) Американската војска нападна уште еден брод во Пацификот, двајца мртви

Американската војска објави на социјалната мрежа X дека извршила напад врз брод во источниот Пацифик ноќеска по централноевропско време, при...

Македонија17 часа

ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување...

Свет19 часа

ЕУ забранува уништување на непродадена облека и обувки

Европската комисија денеска усвои мерки со кои се спречува уништување на непродадена облека, модни додатоци и обувки, со цел да...

Македонија19 часа

Даниел не се замерил со никого, мотивот најверојатно е пари, рече адвокатот на Кајмакоски кој по киднапирањето е стабилен, но под стрес

Македонскиот пејач, Даниел Кајмакоски, беше киднапиран во Белград ноќта меѓу сабота и недела, а по трауматичниот настан моментално се опоравува,...

Македонија20 часа

Четворица заболени од шуга во касарната во Велес, епидемиологот Оранска рече дека болеста е донесена однадвор

Кај четворица слушатели на курсот за професионални војници во велешката касарна е потврдена шуга. Тие се пуштени на домашно лекување...