Македонија
Љутков: Продолжуваме со изградба на „Плаошник“, негрижата донесе застој на проектите“
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при денешната посета на локалитетот „Плаошник“ во Охрид изјави дека градежните активности на ова наше духовно светилиште мора колку што е можно поскоро да продолжат од причина што објектите веќе почнуваат да се оштетуваат од разни временски услови.
„Поради досегашната скромна финансиска поддршка, неопходно е да се обезбедат средства за изработка на проект за конзерваторско-реставраторски работи и партерно уредување на целиот археолошки локалитет. Со тоа ќе се обезбеди континуитет во активностите и целосно согледување на археолошкиот локалитет“, рече Љутков.
При денешната посета на „Плаошник“, на која беа присутни и претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божновски, и в. д. директорите на Управата за заштита на културното наследство и на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Охрид, Весела Честоева и Горан Патчев, беше констатирано дека културното наследство со кое располагаме е загрозено бидејќи државата во изминативе години не издвојувала доволно средства за негова заштита.
„Токму недоволната грижа може да остави трајни последици на дел од културно-историските споменици и археолошки локалитети“, истакна Љутков, кој ја посети и Куќата на Момирови, лоцирана над Античкиот театар во Охрид, за која беше констатирано дека е во исклучително лоша состојба, со нарушена статичка стабилност, и претставува опасност за минувачите.
Во НУ Завод и музеј Охрид веќе е изработен основен проект за конзерваторско-реставраторски работи, ревитализација и адаптација на Куќата во музејски простор каде што би биле презентирани музејските предмети откриени при археолошките истражувања на Античкиот театар во Охрид“, изјави Љутков, кој посочи на проблемите поради кои не се реализира овој проект и додаде дека се работи на нивно надминување.
За целосно продолжување на реализацијата на проектите во Охрид, надлежни се и други министерства и институции и во тој контекст Љутков изјави дека во најкус период ќе иницира одржување заеднички состанок меѓу сите субјекти надлежни за разрешување на реалниот проблем и изнаоѓање соодветно решение, со што ќе започне реализацијата на голем број проекти.
Тој претходно одржа работен состанок со градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков со кој разговараа за повеќе важни прашања.
На состанокот стана збор за отпочнување со изработка на 19 детални урбанистички планови во старото градско јадро. Беше дискутирано и Законот за управување со светското културно наследство кој е во работна верзија и за Планот за управување со Охридскиот Регион, за што општината ќе поднесе барање за одредени измени и усогласување со Законот за заштита на културното наследство, Законот за градење, Законот за урбанистичко планирање и Законот на Охридскиот Регион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Секој живот е приказна: Mozzart верна поддршка на кампањата за ретки болести
Февруари е месецот на ретките болести – месец во кој се потсетуваме дека секој живот е вреден и секоја приказна заслужува да биде слушната.
Годинава, кампањата „Запознајте ги ретките болести“ во организација на Здружението „Ретко е да си редок“ се реализира по осми пат. И повторно, зад неа стои поддршката на компанијата Mozzart, која со својата општествена одговорност покажува дека добрината не е ретка – туку секогаш присутна кога е најпотребна.

Претседателката на Здружението, Гордана Лолеска истакна: Вистинското партнерство се мери со годините на лојалност и подготвеноста да се подаде рака таму каде што е најпотребно. Упатуваме огромна благодарност до компанијата Mozzart што препознаа вредност во нашата кауза и што продолжуваат да бидат нашиот ветар во грб. Заедно, го правиме светот малку подобро место за оние на кои поддршката им е најнеопходна. Ви благодариме што не ги заборавате ретките“.

Првиот Ден на ретки болести беше одбележан во 2008 година, на 29 февруари – ден кој сам по себе е редок. Од тогаш, секоја година на последниот ден од февруари светот се обединува во поддршка и солидарност.
„Трета година сме со Здружението “Ретко е да си редок” и со кампањата “Запознајте ги ретките болести”. Успешната соработка, со радост ја продолжуваме и оваа година. Заедно ќе придонесеме да се слушне гласот на лицата со ретки болести и да се запознаат нивните приказни,“ изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.

Она што навистина не е ретко – се добрите дела. Mozzart, препознатлив како компанија со најголема општествена одговорност, повторно ја докажува својата мисија: да подава рака, да помага и да биде таму каде што поддршката е најпотребна.
ПР
Македонија
Eвроинтеграцијата на Балканот e стратешка потреба за безбедноста на Европа, рече Давкова на средбата со претседателот на Естонија
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на Светскиот самит на Владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Република Естонија, Алар Карис, на којашто беа потврдени пријателските односи и естонската поддршка за македонските евроинтеграции.
Сиљановска-Давкова се заблагодари за активната улога на Естонија во групата „Пријатели на проширувањето“ и искажа интерес за јакнење на билатералната соработка со балтичката земја и склучување договори во областите од заемен интерес.
Претседателката нагласи дека остануваме целосно посветени на членството во ЕУ и стопроцентно усогласени со заедничката безбедносна и надворешна политика на Унијата. Таа го реафирмираше ставот дека евроинтеграцијата на Балканот e стратешка потреба за стабилноста и безбедноста на Европа.
На средбата, беше поздравена соработката во областа на дигитализацијата, реализирана во партнерство со Центарот за меѓународен развој на Естонија, соработката со Балтичкиот колеџ за одбрана во Тарту, како и со Центарот за сајбер одбрана на НАТО во Талин.
Укажувајќи дека постојат неискористени потенцијали во економијата, Сиљановска-Давкова изрази очекување за развој на нови заеднички проекти и поголемо присуство на естонските инвеститори во земјава.
Соговорниците разменија мислења за актуелните глобални предизвици.
Македонија
Седум странци фатени при обид за илегален излез кај Богородица
Утрово околу 2 часот, во близина на Граничниот премин Богородица, полициски службеници привеле седум странски државјани кои се обиделе нелегално да ја напуштат Македонија.
Според информациите од МВР, станува збор за пет државјани на Пакистан и двајца од Индија. При извршените проверки било утврдено дека сите седум лица претходно влегле легално во државата преку Меѓународниот аеродром Скопје.
Тие се приведени и задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава против нив.

