Свет
Новиот ирански претседател: САД мораат да разберат дека нема да одговориме на нивните притисоци
Соединетите Држави треба да разберат дека Иран нема да одговори на притисокот, рече новоизбраниот претседател Масуд Пезешкијан, во која го истакна пријателството на неговата земја со Кина и Русија.
Пезешкијан повтори дека Иран не се стреми кон нуклеарно оружје, додавајќи дека Техеран ќе ги прошири врските со своите соседи и со Европа.
„САД… треба да ја препознаат реалноста и да разберат, еднаш засекогаш, дека Иран не одговорил и нема да одговори на притисокот и дека одбранбената доктрина на Иран не вклучува нуклеарно оружје“, рече Пезешкијан во изјавата насловена „Моја порака кон Новиот свет“.
Пезешкијан, 69-годишен кардиохирург, вети дека ќе промовира прагматична надворешна политика, ќе ги намали тензиите поради застојот на разговорите со големите сили за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година и за подобрување на изгледите за социјална либерализација и политички плурализам.
Сепак, многу Иранци се скептични во врска со неговата способност да ги исполни своите предизборни ветувања бидејќи крајниот авторитет во Исламската Република е врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи, а не претседателот.
„Кина и Русија постојано стојат покрај нас во тешки времиња. Ние длабоко го цениме ова пријателство. Русија е ценет стратешки сојузник и сосед на Иран и мојата администрација ќе остане посветена на проширување и подобрување на нашата соработка“, рече Пезешкијан.
Тој додаде дека Техеран активно ќе ги поддржува иницијативите насочени кон ставање крај на конфликтот во Украина.
„Иранскиот народ ми го довери мандатот силно да го продолжам конструктивниот ангажман на меѓународната сцена, инсистирајќи на нашите права, нашето достоинство и нашата заслужена улога во регионот и светот. Упатувам отворена покана до оние кои сакаат да ни се придружат во овој историски потфат“, рече Пезешкијан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Детскaта караница може да ја реши „таткото“ на европските земји – САД, вели Дмитриев
Дебатата меѓу шефот на француската дипломатија, Жан-Ноел Баро, и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е детска караница, која може да ја реши „таткото“ на европските земји – Соединетите Американски Држави, изјави специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји, Кирил Дмитриев.
„Кога децата се караат, „таткото“ го решава тоа“, напиша тој на социјалната мрежа Икс, коментирајќи ги зборовите на францускиот министер за Европа и надворешни работи, пренесува Спутник.
Претходно, Баро на социјалната мрежа Икс ги отфрли тврдењата на Руте дека Европа не може да се одбрани без помош на САД.
„Дури и САД се согласуваат со тоа. Ова е европскиот столб на НАТО“, напиша шефот на француската дипломатија.
Генералниот секретар на Северноатлантската алијанса тврдеше дека Европа не може да се одбрани без САД и дека оние кои веруваат дека тоа е можно, грешат. Во исто време, Руте рече дека смета дека е фер и соодветно Европа да преземе поголема одговорност за сопствената безбедност, потсетуваат медиумите.
Свет
Германија со предупредување за „црн мраз“ на патиштата
Германската метеоролошка служба издаде предупредување за „црн мраз“, мраз на патиштата во областа од Хамбург до централна Баварија и низ целата покраина Северна Рајна-Вестфалија.
„Избегнувајте непотребни патувања и останете во затворен простор колку што е можно повеќе“, се вели во соопштението, пренесува „Билд“.
Во текот на ноќта во Германија се случија голем број сообраќајни несреќи поради мраз на патиштата, според медиумот.
Надлежните служби во покраината Баден-Виртемберг објавија дека имало неколку сообраќајни несреќи предизвикани од мраз.
Во делови од Баварија, многу патишта ќе останат затворени денес поради ризик од паѓање дрвја или кршење гранки, пренесува Танјуг.
Свет
(Видео) Огромно свлечиште во Сицилија: најмалку 1.500 жители се евакуирани
Најмалку 1.500 жители на градот Нисеми, во јужна Сицилија, беа евакуирани од своите домови откако силната бура, предизвикана од циклонот Хари, предизвика големо свлечиште на ридот над градот. Свлечиштето отвори процеп долг околу четири километри, кој продолжува да се шири и се заканува да ги зафати најранливите делови од населбата.
Градоначалникот на овој ридски град, Масимилијано Конти, рече дека ситуацијата е исклучително сериозна, бидејќи дел од наклонот целосно попуштил, оставајќи бројни куќи опасно надвиснати над работ на карпата. Како што објавува Гардијан, првите знаци на поместување на земјата беа забележани во неделата, но свлечиштето набрзо се претвори во широк фронт што се протега на километри.
26.01.2026#Italy
1,500 people were affected by a landslide caused by rain in Niscemi, Sicily. The landslide extended 4 kilometers, isolating entire neighborhoods and destroying infrastructure, damaging roads and water mains.Twenty homes were damaged,and 15 cars were washed away. pic.twitter.com/bhpuD8hokR— Climate Review (@ClimateRe50366) January 26, 2026
Постои сериозен страв дека свлечиштето би можело да го проголта историското јадро на градот. „Ова е драматично свлечиште“, рече Конти во видео обраќање објавено на социјалните мрежи, апелирајќи до граѓаните надвор од оградените зони да останат во своите домови и да не преземаат непотребни ризици.
“Incredible images of the landslide that is currently striking the city of Niscemi, Sicily, Italy 🇮🇹”
TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/9BxDsKDVZ1 pic.twitter.com/QzDscvRutc
— ByTheSea (@TheLittleNest_) January 26, 2026
„Не сакам никој да го сфати овој настан лесно. За среќа, никој не е повреден, но материјалната штета на куќите е голема“, рече градоначалникот.
Генералниот директор на Цивилната заштита на Сицилија, Салваторе Кочина, предупреди дека се очекува сите згради во зоната од 50 до 70 метри од пукнатината да се урнат, поради што безбедносните мерки се дополнително заострени.
Поради вонредната состојба, училиштата во Нисеми денес беа затворени, а патот што го поврзува градот со крајбрежниот град Џела беше затворен за сообраќај. Повеќето од евакуираните беа привремено сместени кај роднини и пријатели, додека неколку стотици луѓе ги поминаа последните две ноќи во локалната спортска сала.
Градот има околу 25.000 жители, а локалните власти предупредуваат дека ситуацијата ќе биде внимателно следена во наредните денови, бидејќи постои опасност од понатамошно ширење на свлечиштето.

