Црна хроника
Србинка со повреди забележана покрај автопатот кај Демир Капија, сопругот ја исфрлил од возилото по кавга
Ужасна сцена затекнале полициските службеници во близина на патарината кај Демир Капија.
Жена со повреди на телото стоела покрај десната коловозна лента.
Според информациите од полицијата, станува збор за 49-годишната С.М. од Србија која сопругот ја оставил покрај патот.
Тој во разговор со властите раскажал дека заедно со нивниот малолетен син и внука се враќале од одмор во Грција. За сопругата вели дека имала здравствени проблеми и го нападнала физички, по што настанала физичка пресметка. Тој го запрел возилото, ја оставил С.М. покрај патот и, како што вели, заминал со децата кон „Табановце“.
Жената е пренесена во здравствена установа, а за случајот известен е јавен обвинител.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

