Спорт
Англичаните се убедени дека се подобри од Шпанија
Гери Невил и членовите на „Stick to Football (Држи се до фудбалот“), се убедени дека англиските фудбалери се подобри од шпанските.
Фудбалерите на Шпанија во недела навечер во Берлин ќе играат во финалето на Европското првенство за четвртата, а Англија за првата титулата европски првак..
Англија ќе се обиде да го освои својот прв голем трофеј по освојувањето на Светското првенство во 1966 година.
Шпанија ги освои титулите во 1964, 2008 и 2012 година. Шпанија има и светска титула во 2010 година.
Натпреварот се игра в недела од 21 часот на Олимпискиот стадион во Берлин.
Репрезентацијата на Шпанија важи за фаворит, бидејќи победи на сите шест натпревари на ЕП и според рејтингот одигра најдобро.
Меѓутоа, ако го прашаме „Држи се до фудбалот“, ситуацијата е обратна, сметаат дека речиси секој англиски фудбалер е подобар од шпанските ривали, особено во репрезентативниот фудбал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Италијанската полиција го забрани доаѓањето на навивачите на Звезда
Фудбалерите на Црвена звезда ќе имаат две гостувања во Милано како дел од групната фаза од Лигата на шампионите – на 1 октомври гостуваат кај Интер, а на 11 декември со Милан. Сепак, како што е наведено на официјалниот сајт на српскиот шампион, симпатизерите на белградските црвено-бели нема да смеат да присуствуваат на Сан Сиро.
Причината за забраната за пристигнување на навивачи од Србија на натпреварот е конфронтацијата меѓу симпатизерите на Делхи и Рома, па безбедносната проценка е дека мора да се спречи евентуална блиска средба на улиците на Милано или други италијански градови.
Спорт
Му платија 700 милиони долари, веднаш направи нешто што МЛБ досега не видела
Јапонскиот бејзбол играч Шохеи Охтани, изминатата ноќ, влезе во историјата на МЛБ.
Шохеи Охтани дојде во Лос Анџелес Ејнџелес како фрлач (pitcher) и веднаш стана голема ѕвезда бидејќи правеше работи кои не се видени во модерниот спорт, а тоа е да игра и во поле и покрај тоа што е фрлач.
Јапонецот уриваше рекорди во фрлања и погодоци (хоум ран), па го привлече вниманието на градскиот ривал Лос Анџелес Доџерс кој му плати дури 700 милиони долари.
Овој 10-годишен договор е најголемиот во историјата на спортот, а лудилото допрва ќе следи бидејќи Шохеи Охтани направи нешто што досега не е видено.
Шохеи Охтани игра на позицијата удирач и стана првиот играч во историјата на МЛБ кој има 50 хоум ран (погодок кога топката оди преку трибините и не може да се фати) и 50 украдени бази (кога играчот ќе стигне до базата пред да дојде топката до неа).
„Овој спорт се игра повеќе од 200 години, никој во историјата на лигата не го направил она што него му успеа“, изјави тренерот на Лос Анџелес Доџерс, Дејв Робертс.
Рекордот беше соборен во Мајами за време на натпреварот помеѓу Доџерс и Марлинс, во седмиот ининг Охтани влезе во историјата.
Спорт
Симеоне: Овој формат на ЛШ ве тера да играте на победа
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне изјави дека е задоволен од исходот на натпреварот против Лајпциг.
Фудбалерите на Атлетик во четвртокот го победија Лајпциг со 2:1, во натпреварот од првото коло во Лигата на шампионите.
Шпанскиот клуб победи со голот на дефанзивецот Хосе Марија Хименез во 90. минута.
„Овој формат нè принудува да победиме, од нерешен резултат има малку корист. Целосно сум задоволен, натпреварот беше многу добрар. Ова ќе го кажев и доколку завршеше нерешено. Игравме на различни начини и со различни играчи. Играчите добро го протолкуваа тоа и добивме важен натпревар. Се се одвиваше онакак како што замисливме, контролиравме 80 проценти од играта“, изјави Симеоне по мечот.
Клубот од Мадрид во недела ќе му гостува на Рајо Ваљекано во шестото коло од шпанската лига.