Спорт
Анкета на Би-Би-Си: Цела Европа ќе навива против Англија
Иако стигнаа до финалето на Европското првенство, фудбалерите на Англија баш и не ги воодушевија фудбалските фанови ширум Стариот континент.
Во финалето речиси цела Европа ќе ги поддржи Шпанците, покажува анкетата на Би-Би-Си.
Секој има свои причини за навивање против Англичаните, но главно на навивачите не им се допаѓа стилот на игра што го практикуваат Англичаните.
„Сакаме Шпанија да победи. Ни се допаѓаат двата тима, но мојот син е голем фан на Ламин Јамал“, изјави Даниеле од Италија.
„Мислам дека Шпанија ќе победи и би било убаво затоа што тогаш ние Германците можеме да кажеме: ОК, испаднавме од тимот што ја освои титулата, така што не е премногу лошо“, вели Германецот Луиза.
„Шпанија го одигра најзабавниот фудбал на првенството, па веројатно ќе навивам за нив во недела“, изјави Данецот Андерс.
Сакаме Англија да победи“. Прогнозираме победа од 3:0, два гола на Кејн и еден на Белингем“, изјавија таткото Бенџамин и синот Фабијан од Германија.
Весникот „Национал“ е наклонет кон Шпанците, бидејќи според нив, Шкотите не би можеле да ги поднесат Англичаните и нивната еуфорија доколку станат шампиони на Европа.
Нашата порака до Шпанија: „Спасете не од победата на Англичаните, или никогаш нема да го дочеаме крајот на сето ова“.
Весникот понатаму објаснува зошто треба да се навива против Англија.
„Секое лето плажите ви се полни. Ти го пијат пивото. Тие прават хаос на вашите плажи. Тие јадат печива цел ден наместо вашата прекрасна домашна храна. Тие се пензионираат во вашите градови, ги користат вашите јавни услуги. И воопшто не се трудат да го научат вашиот јазик“, велат од овој весник.
Финалето на ЕУРО 2024 е утре од 21 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Црвена звезда со играч помалку победи против ФЦСБ
Фудбалерите на Црвена звезда го победија ФЦСБ со 1:0 (0:0) во натпреварот од петтото коло од Лига Европа одигран на стадионот „Рајко Митиќ“.
Српскиот претставник ја забележа својата втора последователна победа и стигна до седум бода, три кола пред крајот на лигашкиот дел од натпреварувањето.
Победата на Црвена звезда добива на значење во борбата за пласман во нокаут фазата, особено поради фактот што беше извојувана со играч помалку.
Имено, Звезда играше со десет играчи од 27-та минута кога Тебо Учена доби директен црвен картон. Но и пред и по црвениот картон, Црвена звезда доминираше и чудо е како не постигна барем уште еден гол.
Единствениот гол, во 50-та минута, го постигна Бруно Дуарте, кој претходно пропушти неколку шанси.
Резултати, Лига Европа 5.коло:
ПАОК – Бран 1:1 (0:0)
/Иванушец 64 – Корвинг 89/
Пилсен – Фрајбург 0:0
Болоња – Салцбург 4:1 (1:1)
/Одгард 26, Далинга 51, Бернардески 53, Орсолини 86 – Вертсен 33/
ГА Иглс – Штутгарт 0:4 (0:2)
/Левелинг 20, 35, Ел Канус 59, Буанани 90+3/
Генк – Базел 2:1 (2:0)
/Ох 14, Каречас 45+2 – Отеле 57/
Макаби Тел Авив – Лион 0:6 (0:3)
/Винициус 4, Толисо 25, 51, 53, Ниаките 35пен, Карабец 62/
Нотингем Форест – Малме 3:0 (2:0)
/Јејтс 27, Калимеундо 44, Миленковиќ 58/
Панатинаикос – Штурм 2:1 (1:1)
/Свидерски 18, Калабрија 74 – Китеишвили 35/
Ренџерс – Брага 1:1 (1:0)
/Таверние 45+3пен.- Мартинез 69/
Реал Бетис – Утрехт 2:1 (1:0)
/Ернандез 42, Езалзули 50 – Родригез 55/
Спорт
(Видео) Пораз на Шкендија од Дрита
Фудбалерите на Шкендија го запишаа вториот пораз во Конференциската лига. На гостувањето во Косово, Дрита ја порази Шкендија со 1:0. По втроиот пораз во Конференциската лига, Шкендија остана на четири поени и се наоѓа на 25-то место на табелата.
Натпреварот не понуди некој врвен квалитет, се играше тврдо од двете страни. Пресуди голот на Манај во 20.минута. Впечаток е дека дефанзивците можеда да реагираат подобро во оваа ситуација.
Шкендија во наредната рунда ќе го пречека Слован од Братислава. Натпреварот се игра на 11 декември.
Инаку, Слован го направи најголемото изненадување во петтото коло, на домашен терен, по пресврт го победи Рајо Ваљекано (2:1).
Foto/ EPA, arhiva
Спорт
Македонија го растури Азербејџан
Кошаркарската репрезентација на Македонија со победа ги отвори претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Во Скопје, Македонија го совлада Азербејџан со 87:49.
Македнија ја оправда улогата на фаворит и според очекувањата забележа лесна и убедлива победа.
Андреј Јакимовски беше најдобар со дабл-дабл (25 поени и 11 скокови). Двоен учинок од 16 поени и 11 скока реализираше и капитенот, Војдан Стојановски, Зеќири уфрли 17 поени.
На своето деби за репрезентацијата на Македонија, Омари Мур дојде до скор од шест поени, исто толку скокови и девет асистенции.
Во наредното коло од групата А, на 30.ноември, нашата најдобра селекција ќе гостува во Даблин кај Република Ирска.
Извор/ Кошаркарска федерација на Македонија

