Европа
(Видео) Пожари во Русија, воведена вонредна состојба
Речиси 40 згради на териториите на два рекреативни центра кај Новоросија се оштетени во пожарот што веќе втор ден беснее во Кубан, соопшти Министерството за вонредни ситуации на Русија.
#krasnodar #territory #russia #the #fire #near #novorossiysk #durso pic.twitter.com/fZz5UCVSg4
— John Konstantinov (@JohnKon42872610) July 15, 2024
„Според последните информации, во пожарот на територијата на рекреативниот центар ‘Романтик’ оштетени се 30 објекти“, се наведува во соопштението.
Како што додаваат, во другите рекреативни центри нема запалени објекти, а во гаснењето на пожарот на територијата Краснодар учествувала авијацијата на Министерството за вонредни ситуации на Русија.
Krasnodar Territory, Russia ❗
🔥 Some night footage of the fire in Abrau-Durso. It’s still burning. An Il-76 aircraft from the Ministry of Emergency Situations and additional K-32 helicopters will be involved in extinguishing the fire in Durso near Novorossiysk only in the… https://t.co/NCEHiw1GvL pic.twitter.com/MiAfGa1Tv3— LX (@LXSummer1) July 14, 2024
„На самото место има авиони ‘ил-76’ и два хеликоптера ‘ка-32’ и ‘ми-8’ со апарати за гаснење“, се посочува.
Површината на пожарот на фармата „Дурсо“ во Краснодарската територија достигна 62 хектара.
Пожарот се проширил на територијата на голем број туристички рекреативни центри, од кои се евакуирани луѓе.
Во Новорусија е воведена вонредна состојба, а едно лице е повредено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Силен земјотрес во Романија
Околу 17:40 часот земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија, јави ЕМСЦ.
Земјотресот се случил на 62 километри северозападно од Бузау и на длабочина од 137 километри под епицентарот во близина на Бузау.
#Earthquake (#cutremur) possibly felt 19 sec ago in #Romania. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/7MbYZOb2L7— EMSC (@LastQuake) September 16, 2024
Сеизмичките прелиминарни податоци покажуваат дека земјотресот не требало да предизвика значителна штета, но веројатно многумина го почувствувале како лесна вибрација во подрачјето на епицентарот.
Европа
Бурата „Борис“ ќе се пресели во Италија
Обилни врнежи утре се очекуваат и во Австрија, Чешка и југоисточна Германија. Иако може да поминат уште неколку дена до падот на нивото на водата, времето ќе се подобри во централна Европа од средината на неделата. Бурата „Борис“ потоа ќе се префрли на југ во Италија, каде повторно ќе зајакне и ќе донесе силен дожд. Регионот Емилија-Ромања треба да биде најпогоден.
Научниците тврдат дека оваа рекордна количина на врнежи во Централна Европа е предизвикана од голем број фактори, меѓу кои и климатските промени. Различни временски елементи комбинирани за да создадат „совршена бура“ каде што многу студениот воздух од Арктикот се сретна со топлиот воздух од Медитеранот.
Моделот на атмосферскиот притисок значеше и дека бурата Борис долго време беше заглавена на едно место. Научниците велат дека потопла атмосфера задржува повеќе влага, што доведува до поинтензивни врнежи. Потоплите океани, исто така, доведуваат до поголемо испарување, хранејќи ги системите за бура.
Европа
Будимпешта се подготвува за пристигнувањето на водениот бран
Во Будимпешта, властите ги зголемија прогнозите за нивото на водата и предвидоа дека Дунав ќе се искачи над 850 сантиметри во втората половина на оваа недела, приближувајќи се до рекордот од 2013 година од 891 сантиметар.
„Според прогнозите, една од најголемите поплави во последните години се приближува кон Будимпешта, но ние сме подготвени да се справиме со тоа“, најави градоначалникот на Будимпешта Гергели Карачони.