Скопје
За една недела санкционирани 226 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 226 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„Во периодот од 08.07. до 14.07.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 110 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 116 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, извести ПОЦ.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците“, додаваат од ПОЦ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Новите објекти во Кисела Вода се приклучуваат кон системот за централно греење
Новиот директор на „ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија“, Петар Милетиќ, оствари средба со засегнатите страни со цел да се реши прашањето за приклучување кон системот за централно греење во новоизградените и објектите, кои се во изградба на потегот помеѓу булеварот Борис Трајковски и улиците Михаил Чаков, Народни херои и Лазар Димитров.
„Поради неажурноста и неодговорноста на претходното раководство, топловодот не бил реализиран неколку години, но конечно новото раководство наиде на разбирање и решение за овој проблем со изградба на нов секундарен топловод“, велат од ЕСМ.
Се додава дека со изградбата на секундарниот топловод ќе се создадат услови за приклучување кон системот за централно греење. Инвеститорите на објектите во согласност со своите обврски, конечно, ќе може да ја завршат постапката за приклучување на објектите кон системот за централно греење.
Во согласност со одобрението за градење бр. 13-2942/3 од 24.7.2024 година и правосилност од 3.9.2024 година издадено од страна на Општина Кисела Вода, „ЕСM Дистрибуција на топлинска енергија’ ДООЕЛ Скопје ќе почне со изградба на нов секундарен топловод А3.010 од постојна шахта 010 на вод АЗ, делница 005, за планирани објекти според ДУП Ј13 за населбата 11 Октомври, Скопје.
Исто така, како што се додава Милетиќ, во најкус временски период потпиша 27 согласности за испорачување на топлинска енергија во новоизградените објекти.
„Граѓаните може да бидат спокојни. Активностите ќе се изведуваат експедитивно, без застој и навремено, тоа јавно го ветувам“, истакна директорот Милетиќ.
Скопје
Изминатата седмица санкционирани 94 непрописно паркирани возила во општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 09.09. до 15.09.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 94 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар“, велат оттаму.
Скопје
Делови од Чаир без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците Славеј Планина, Кримска, Прохор Пчински и Топаанска (општина Чаир).