Забава
Шумахер призна дека е геј: ја шокира јавноста со фотофрагија и испрати порака по години молк и пропаднат брак
Поранешниот возач на Формула 1, Ралф Шумахер, помлад брат на седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер, објави дека е во истополова врска.
Ралф со години беше во Формула 1 како возач, но беше во брак и со сопругата Кора до 2015 година.
Кора подоцна тргна по друг пат, се фотографира за „Плејбој“, отвори профил на OnlyFans и го има синот Дејвид со Шумахер.
„Најубавото нешто во животот е кога покрај себе го имаш вистинскиот партнер со кој можеш да споделиш сѐ“, напиша Германецот под фотографијата на „Инстаграм“.
На фотографијата се прикажани Ралф Шумахер и уште еден маж како се гушкаат додека гледаат зајдисонце над океанот.
View this post on Instagram
Единствениот друг познат геј-возач во историјата на Формула 1 е покојниот Британец Мајк Бојтлер, кој се тркаше од 1971 до 1973 година. Почина во 1988 година.
Ралф Шумахер (49) победи на шест трки во 11-годишната кариера во Формула 1, која ја заврши во 2007 година. Тој претходно беше во брак со Кора, со која го има синот Дејвид (22).
„Многу ми е мило што, конечно, најде некој со кој навистина се чувствуваш удобно и безбедно. Јас сум 100 отсто зад тебе, тато, и ти посакувам сѐ најдобро и честитки“, напиша Дејвид Шумахер на „Инстаграм“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Софија Вергара фотографирана во деколтиран фустан за време на прошетка
Колумбиската актерка Софија Вергара е позната како една од најубавите жени на светот, а тоа го докажуваат и најновите папарацо-фотографии, на кои актерката е фатена опуштена.
Оваа 52-годишна актерка е фотографирана на улиците на Лос Анџелес во друштво на колешката Полин Давила.
Актерките беа добро расположени по ручекот во Беверли Хилс.
Софија го привлече вниманието во едноставен фустан со леопард-принт, во кој го истакна деколтето, а се комплетира со бела чанта, патики и природна шминка.
Забава
(Видео) Хајди Клум се појави во ризичен фустан на забавата по доделувањето на наградите „Еми“
По доделувањето на наградите „Еми“, се одржа традиционалната забава, на која се собраа многубројни ѕвезди од филмската и забавната индустрија.
View this post on Instagram
Германската манекенка Хајди Клум го привлече вниманието во тесен црн фустан, без ракави, со изрези и светки.
View this post on Instagram
Фустанот ги истакна нејзиното бујно деколте и совршената фигура, а 51-годишната манекенка спремно им позира на насобраните фотографи.
View this post on Instagram
Оваа германска убавица со децении е позната како една од најуспешните манекенки, а љубовта кон манекенството ѝ ја пренесе и на ќерката Лена.
Забава
Ќерката на Синди Крафорд е нејзина слика и прилика: блесна во речиси идентичен фустан
Каја Гербер на филмскиот фестивал во Торонто се појави во фустан сличен на оној што мајка ѝ, легендарната Синди Крафорд, го носеше на „Оскарите“ во 1993 година.
Станува збор за креација на Ерве Леже во бела боја. Изгледот Каја го комплетира со едноставна шминка, накит и високи потпетици.
На овој фестивал премиерно беше прикажан филмот „Школка“, во кој таа имаше улога.
Нејзината стилистка Моли Дикинсон во интервју за „Вог“ изјави дека Каја ѝ испратила неколку идеи за тоа што би сакала да облече на фестивалот, а една од нив е и овој фустан.
„Мислев дека е одлично да го почитувам иконскиот момент на Синди на овој начин“, додаде таа.
Во далечната 1993 година Синди се прошета на црвениот тепих со својот тогашен сопруг Ричард Гир, а Каја на филмскиот фестивал во Торонто се појави без придружба.