Македонија
Проштална средба Муцунски – Норман, стана збор за нашиот евроинтегративен процес

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари проштална средба со нерезидентниот амбасадор на Канада, Џајлс Норман.
Муцунски изрази благодарност за целокупната работа на амбасадорот нагласувајќи дека со неговиот ангажман и континуираните заложби до висок степен придонел за зајакнување на билатералните односи и стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и Канада.
На средбата стана збор и за сојузништвото во рамките на НАТО, особено по успешниот самит на алијансата во Вашингтон, истакнувајќи ги споделените определби на двете земји за зајакнување на трансатлантската стабилност во пресрет на актуелните безбедносни предизвици. Воедно, го поздравија нашето учество во зајакнатото присуство во Латвија, како дел од словенечкиот контингент, каде што рамковна нација е Канада. На тој начин заеднички придонесуваме за зајакнување на источното крило на алијансата во време кога тоа е најпотребно.
Исто така, стана збор за нашиот евроинтегративен процес, при што беше изразена безрезервната канадска поддршка на тој пат. Дополнително, беше поздравена и соработката во рамките на меѓународните организации и заложбите за нејзино продлабочување во периодот што следува.
Соговорниците се осврнаа и на регионалните состојби, како и актуелните прашања од надворешно-политички и безбедносен карактер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јавен обвинител бил во „Макпрогрес“ ама увидот не е почнат, пожарот уште тлее

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Кочани бил во фабриката „Макпрогрес“ но, како што информира Државното јавно обвинителство, увидот се уште не е почнат бидејќи пожарот не е во целост изгаснат и се уште траат активностите за обезбедување на локацијата.
– Во меѓувреме, јавниот обвинител издава наредби и насоки за други дејствија за целосно испитување на настанот, информираат од Јавното обвинителство.
Пожарот во фабриката за кондиторски производи и вафли избувна вчеравечер околу 18 часот при што беа опожарени магацински и производствени погони. Покрај пожарникарите од Виница, во гаснењето беа вклучени и пожарникари од неколку соседни општини.
Сите се во стабилан здравствена состојба. На осум лица, вработени во фабриката, им била укажана лекарска помош во Клиниката за токсикологија во Скопје. Четворица од пожарникарите кои учествуваа во гаснењето на пожарот, биле примени во Општата болница во Кочани, а една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип.
Македонија
Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од Скопје.
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот се гасне и од воздух и дека се вклучени два „ер трактора“ и еден полициски хеликоптер.
– Во гаснењето учествуваат повеќе екипи на БППЗ Скопје, тим на ДЗС, два ер трактора на ДЗС и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.
Македонија
Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница. Сите хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба, соопштија попладнево од Министерството за здравство.
Осум лица, вработени во фабриката, биле на Клиниката за токсикологија во Скопје, една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип, а четворица пожарникари во Општата болница во Кочани.
Во гаснење на пожарот во Виница, покрај пожарникари од виничката Територијална противпожарна единица, вчера биле вклучени и пожарни единици од соседните општини.
Според последните информации од Центарот за управување со кризи, до 12 часот денеска, пожарот во фабриката е ставен под контрола.