Спорт
Саутгејт: Ја знам причината за поразот, не знам дали останувам

Селекторот на англиската репрезентација Герет Саутгејт вели дека сите во земјата треба да се гордеат со играчите.
Гордиот Албион загуби од Шпанија со 2:1 во финалето на Европското првенство.
„Денес не успеавме. Не ја чувавме доволно добро топката. Во првото полувреме добро се браневме, им ги ограничивме можностите, но не бевме добри со топката додека не примивме гол. Потоа одигравме пристојно, израмнивме“, вели Саутгејт и додава: „Мислам дека на крајот плативме за физичкиот напор за време на турнирот, игравме продолженија, како и за тоа што ја немавме топката во нашите нозе во финалето. Нозете почнаа да се заморуваат, тогаш дојдоа грешките, но се држевме до 85. минута“.
Неколку пати Саутгејт повтори дека е горд на тимот и дека земјата треба да се гордее со играчите.
„На крајот загубивме од подобар тим. Ќе анализираме, но јасно ми е – клучен беше поседот на топката“.
Саутгејт е на клупата на Англија од 2016 година.
„Тешко е да се зборува за тоа (дали ќе остане на функцијата) веднаш по поразот, ја водев Англија до финалето двапати по ред, тоа никој претходно не го направил, но дојдовме тука да освоиме трофеј и не го направивме тоа. “, заклучи Саутгејт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Бразил ја декласира Јужна Кореја

Бразилската фудбалска репрезентација ја победи Јужна Кореја со 5:0 во пријателски натпревар одигран во Сеул.
Екипата на Карло Анчелоти ја демонстрираше својата сила против една од најдобрите азиски селекции.
Двојни стрелци за „селесао“ беа Естевао (13, 47) и Родриго (41, 49), додека еден гол постигна Винисиус Жуниор (77).
Со играта, Бразил потсети на најдобрите денови на оваа репрезентација, Родриго, Естевао, Куња, Винисиус правеа што сакаат на теренот.
Foto/ EPA
Спорт
Галатасарај добил покана за НБА Европа

Техничкиот директор на Галатасарај, Дурсун Озбек, потврди дека овој клуб добил покана да игра во НБА Европа.
„Добивме покана за НБА Европа. Минатиот месец бевме во Женева на покана на ФИБА“, рече Озбек, објави „Јурохупс“.
„Тие сакаат Галатасарај да биде дел од оваа лига. Сè уште не е завршено, но добивме покана од организаторите. Ќе ја информираме јавноста за секој понатамошен чекор“, објасни Озбек. У
ште еден состанок меѓу ФИБА, Евролигата и НБА се одржа во Женева оваа недела. Изминатите неколку недели доаѓаат сè повеќе вести за новото натпреварување.
Во четвртокот, „Јурохупс“ дури објави и информации дека новото натпреварување би можело да започне веќе во 2027 година, дека ќе има 16 екипи, од кои 12 ќе имаат долгорочни договори, додека четири места ќе бидат отворени за квалификации.
НБА планира нови состаноци за следната недела во Лондон, кога треба да се сретнат со потенцијални инвеститори и партнери.
Спорт
(Видео) Дончиќ ја избра најдобрата атмосфера во Европа

Лука Дончиќ се подготвува за новата сезона со Лос Анџелес Лејкерс. Словенецот најде време да гостува во емисијата “First we feast”, каде што јадеше пикантни крилца.
Словенечкиот кошаркар добро се сеќава на атмосферата од Евролигата, играше во многу сали, но една му остави посебен впечаток.
Дончиќ сè уште се сеќава на лудилото што го создадоа навивачите на Панатинаикос кога го носеше дресот на Реал.
„Србија, Грција и Турција имаат најдобра атмосфера. Најжешката атмосфера во која играв беше кога му гостувавме на Панатинаикос. Не можев да ги слушнам моите соиграчи. Натпреварот започна и губевме со 20:0.“
Дончиќ ја освои Евролигата со Реал во својата последна сезона во Европа, а потоа беше прогласен за најмлад МВП во историјата на ова натпреварување. После тоа, тој отиде во Далас, а оваа година стана член на Лејкерс.
Luka says Panathinaikos has the best crowd he has ever played at
YT/firstwefeast pic.twitter.com/ys8GsJt9Ci
— Luka Updates (@LukaUpdates) October 9, 2025