Контакт

Општество

Иванов ги посети единиците на АРМ на јужната граница

Објавено пред

Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов на првиот ден од Новата година ги посети припадниците на АРМ кои се распоредени на јужната граница за да и помогнат на граничната полиција во справувањето со предизвиците што доаѓаат со мигрантската криза.

dobivaj vesti na viber

 

 

За време на посетата, Иванов имаше заеднички ручек со припадниците на АРМ на кои им ја честиташе Новата година и им посака многу успех.

 

„Се уверив во професионалноста на нашата Армија и во нивната можност да се справат со сите предизвици. Бев информиран за сето она што е преземено во заедничката мисија со полицијата во изминатиот период и дека се спречени многу илегални преминувања на економските мигранти кои не може да влезат во земјава. Добро е што веќе е формиран заеднички Оперативен штаб во Гевгелија каде сите субјекти вклучени во справување со мигранската криза можат да ги разменуваат и споделуваат сознанијата и податоците и да се информираат меѓусебно за сето она што се случува долж јужната граница“, изјави  Иванов.

 

Претседателот Иванов како врховен командант на вооружените сили традиционално на првиот ден од Новата година ги посетува припадниците на Армијата. /крај/мф/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства

Објавено пред

Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.

Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.

Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.

Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Животот на Теодора згасна, а казната изгледа како подбив, наместо вистинска правда, добивме минимализирање на трагедијата која нè скрши, вели семејството Ристовски

Семејството на починатата Теодора Ристовска преку писмено сооопштение извеси дека Апелациониот суд во Гостивар ја потврди пресудата на Основниот суд...

Свет1 час

Уште три европски земји ја признаа Палестина

Премиерите на Луксембург, Малта и Монако официјално ја признаа државата Палестина вчера на Генералното собрание на Обединетите нации. „Ова е...

Свет3 часа

(Видео) Хонг Конг се подготвува за најлошиот тајфун оваа година: училиштата се затворени, летовите откажани

Хонг Конг се подготвува за супертајфунот Рагаса, најсилниот тропски тајфун во светот оваа година, затворајќи ги училиштата и откажувајќи околу...

Европа3 часа

(Видео) Драматичен говор на претседателката на Молдавија: Кремљ мисли дека сите сме на продажба

Проевропската молдавска претседателка Маја Санду ги предупреди граѓаните на нејзината земја во драматично обраќање дека Москва го загрозува суверенитетот, независноста...

Европа3 часа

(Видео) Полска до Русија: Предупредени сте

Русија не треба да се жали во Обединетите нации ако нејзините ракети или авиони се соборени откако влегле во воздушниот...

Свет4 часа

(Видео) Трамп ги поврзува парацетамолот, вакцините и аутизмот; Научници: Митови и опасни лаги

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа промовираше недокажани, а во некои случаи и долго побиени тврдења за врска помеѓу лекот парацетамол,...

Европа4 часа

(Видео) Воздушниот простор над аеродромот во Осло беше затворен поради дронови: истото беше и во Копенхаген

Најголемиот дански аеродром во Копенхаген, ноќеска го прекина целиот сообраќај откако беа забележани дронови во областа, потврди полицијата. По Копенхаген,...

Свет12 часа

Франција ја призна Палестина

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва на Генералното собрание на ОН потврди дека Франција ја признава Палестина како независна држава. Со...

Македонија15 часа

Сиљановска-Давкова во Њујорк: Време е кормилото на ОН да му го довериме на жена

Во рамки на учеството на 80. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на состанок...

Топ15 часа

Скопјанец ја турнал мајка си, ја давел, па кршел саксии по дворот, Обвинителството бара притвор

Скопското Обвинителство поведе постапка против 40-годишен маж од Скопје, осомничен дека извршил телесна повреда врз својата мајка, во инцидент што...

Македонија15 часа

ДИК со податоци: Пет отфрлени листи за градоначалници

Според податоците добиени од Државната изборна комисија, за претстојните локални избори се потврдени вкупно 861 кандидатска листа – 303 за...

Македонија19 часа

Од ноќеска на полноќ поскапува дизелот

Од полноќ, горивата добиваат нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад...

Свет19 часа

Путин: Русија е подготвена воено да возврати на Западот

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Русија е подготвена да одговори на сите закани, додавајќи дека Москва сè уште поддржува...

Македонија20 часа

(Видео) Кузеска: Кој ќе ја преземе одговорноста за расипаниот радар на скопскиот аеродром?

Денес повторно гледаме како партизацијата и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ директно ги доведуваат граѓаните во опасност. Радар во Контролата на летање...

Топ21 час

Почина девојче во тетовската болница

Девојче на седумгодишна возраст починало вчера во болницата во Тетово. Од Обвинителството соопштија дека е издадена наредба за обдукција. „Јавен...

Македонија21 час

Уценетиот Асмир Јахоски ја прекина доставата на нафта за автобусите на ЈСП, велат од Град Скопје

Под силен политички притисок уценетиот Асмир Јахоски од „Пуцко петрол“ се приклучува на обидите за создавање хаос во Скопје. Иако...

Македонија1 ден

ЦУК: Гори на планините Кожуф и Добра Вода, под контрола четири пожари

Денеска, до 07:00 часот, на територијата на Македонија имало вкупно 34 пожари на отворен простор, од кои два се активни,...

Македонија1 ден

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Велес – Градско

Од 08 часот и 20 минути, утрово, сообраќајот на регионалниот пат Велес-Градско е нормализиран, извести АМСМ. Сообраќајот беше во прекин...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во југоисточните делови на Македонија, епицентарот во Грција

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет1 ден

Португалија ја призна Палестина

Португалскиот министер за надворешни работи, Пауло Рангел, изјави дека неговата земја ја признала државата Палестина. „Признавањето на државата Палестина е...