Македонија
Сиљановска-Давкова со претставници на Националниот сојуз на глувите и наглувите лица: да се зголеми социјалната инклузија на оваа ранлива група граѓани
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими Томица Стојановски, претседател на Националниот сојуз на глувите и наглувите лица, Васко Марков, член на извршниот одбор на Сојузот, како и толкувачката на знаковен јазик, Лиза Велковска.
Претставниците на Сојузот на средбата ја информираа претседателката Сиљановска-Давкова со нивните тековни активности со кои ги остваруваат правата и потребите на речиси 7 илјади луѓе со оштетен слух. Истакнаа дека организацијата во континуитет се залага за подигнување на свеста за постоење на оваа група граѓани и нивно прифаќање во општеството и во социјално-културниот живот. Во насока на полесна едукација и вработување на лицата со оштетен слух, од Сојузот посочија дека организираат и спроведуваат обуки за изучување на знаковниот јазик, како и дека поттикнуваат иницијативи за поголема примена на знаковниот јазик. Во државата, според нив, има 38 сертифицирани толкувачи на знаковен јазик, кои на луѓето со оштетен слух им ја олеснуваат комуникацијата со институциите.
Искажувајќи поддршка за сите нивни заложби, претседателката Сиљановска -Давкова истакна дека Кабинетот и таа лично безрезервно ќе соработуваат со Националниот сојуз со крајна цел – поголема афирмација и примена на знаковниот јазик, кој на глувите и наглувите лица им е потребен во секојдневната комуникација. На тој начин, потенцира Сиљановска-Давкова, ќе се зголеми социјалната инклузија на оваа ранлива група наши сограѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

