Спорт
Аргентина и Шпанија за една година ќе го одиграат натпреварот наречен финалисима
Фудбалските репрезентации на Шпанија и Аргентина, победници на Европското првенство и на Копа Америка, ќе се сретнат за една година во натпревар познат како „Финалисима“, кој е подобар, европскиот или јужноамериканскиот шампион.
Во неделата вечерта Шпанија во финалето ја победи Англија со 2:1, додека Аргентина беше подобра од Колумбија со 1:0.
„Натпреварот ќе се одржи во Јужна Америка, датумот се уште не е одреден“, објави шпанскиот весник „Марка“, посочувајќи дека натпреварот ќе се одигра „во средината на 2025 година, кон крајот на јуни или почетокот на јули“.
Со овој натпревар европската фудбалска асоцијација УЕФА и јужноамериканскиот КОНМЕБОЛ ќе ја продолжат соработката. Се уште го немаат најавено натпреварот меѓу Шпанија и Аргентина.
Последен пат ваков натпревар беше одигран во јуни 2022 година помеѓу тогашниот европски првак Италија и Аргентина. На натпреварот одигран во Лондон, Аргентина победи со 3:0.
Затоа претстојниот натпревар треба да се игра некаде во Јужна Америка. Тоа треба да биде четврти ваков дуел. Во 1985 година, Франција го победи Уругвај со 2:0 во Париз, а во 1993 година, Аргентина ја победи Данска на пенали, откако натпреварот во Мар дел Плата заврши 1:1.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Де Брујне неизвесен за Арсенал
Манчестер сити не успеа да го победи Интер во првото коло од Лигата на шампионите, а дополнителен проблем за тренерот Пеп Гвардиола е повредата на Кевин Де Брујне.
Белгиецот поради повреда беше заменет на полувремето од натпреварот против тимот на Милано.
„Не знам точно во што е проблемот. Сè уште не сум разговарал со лекарите. Верувам дека се ќе биде појасно во петок“, изјави тренерот Пеп Гвардиола.
Според медиумите во Англија, мали се шансите Де Брујне да го започне натпреварот против Арсенал во Премиер лигата, во недела.
Сити освои четири последователни титули на островот, а Арсенал е нивниот главен ривал во последните две сезони.
Спорт
Си-би-ес: Јокиќ е најдобриот играч во НБА
Познатата американска телевизиска куќа Си-би-ес направи листа на 100 најдобри кошаркари во НБА. На прво место е Никола Јокиќ, најдобриот играч на Денвер.
„Јокиќ е единствениот играч во светот кој може да му гарантира на својот тим квалитетен шут во секој посед. Не постои ситуација надвор или внатре што не може да ја искористи. Многу се подобри и во одбраната. Тој е целосно ослободен од егото. Јокиќ е најчистото олицетворение на кошаркар“, се вели во образложението за одлуката.
Јокиќ три пати во последните четири сезони беше прогласен за МВП на сезоната.
Второто место на оваа листа го зазема Гркот Јанис Адетокумбо (Милвоки Бакс), додека на третото место е уште еден Европеец, Лука Дончиќ (Далас Маверикс).
Во првите десет се уште: Шеј Гилџес-Александер (Оклахома Тандер), Џоел Ембиид (Филаделфија ’76), Стеф Кари (Голден стејт Вориорс), Џејсон Тејтум (Бостон Селтикс), Леброн Џејмс (ЛА Лејкерс), Кевин Дурент (Феникс Санс) и Ентони Едвардс (Минесота Тимбервулвс).
CBS Sports' annual NBA Top 100 is here. 10 analysts voted on the top 100 players for the 2024-25 season.
99. Klay Thompson
68. Michael Porter Jr.
58. LaMelo Ball
30. Chet Holmgren
8. LeBron James
1. Nikola JokicFull list 👇https://t.co/TwneRW4Rit
— CBS Sports NBA (@CBSSportsNBA) September 17, 2024
Спорт
„Куртоа е Марадона, Меси и Роналдо меѓу голманите“
Легендарниот шпански голман, Сантијаго Кањизарес (54), изминатите неколку години работи како стручен коментатор на натпреварите од Ла Лига и Лигата на шампионите.
Голманот кој е легенда на Валенсија го прашаа кој во моментотв е најдобриот голман во светот. Рече дека и претходно рекол дека најдобра е Тибо Куртоа и дека не го сменил мислењето.
„Тибо Куртоа е Диего Марадона, Лионел Меси и Кристијано Роналдо меѓу голманите. Толку е добар што сме навикнати да брани одлично на секој натпревар, што е навистина нереално“, изјави Канизарес и на крајот додаде.
„За мене тој е без сомнение најдобриот голман што сум го видел и стојам на моите зборови“.
Куртоа кариерата ја започна во Генк, од каде се пресели во Челзи, а покрај за Реал Мадрид бранеше и за градскиот ривал Атлетико.