Спорт
Менаџерот на Њукасл ќе го наследи Саутгејт?
Герет Саутгејт пред почетокот на Европското првенство изјави дека ќе се повлече од селекторската функција доколку Англија не стане шампион на Стариот континент.
Гордиот Албион стигна до финалето но не успеа да ја освои титуата. Шпанија, во неделата, победи во финалето со 2:1. Прашање е дали Саутгејт ќе го одржи ветувањето.
Саутгејт има валиден договор со Фудбалската асоцијација (ФА), но и повеќе од јасно е дека по две загубени финалиња на европските првенства челниците на ФА ќе го сменат селекторот.
Не е спорно дека Саутгејт е успешен селектор. Тој ја водеше Англија до две европски финалиња и едно полуфинале на на светски првенство (Русија 2018).
И медиумите во Англија пишуваат дека името на човекот кој е главен фаворит за нов селектор е вистинско изненадување.
Станува збор за менаџерот на Њукасл, Еди Хау, а претходно со голем успех раководеше со Борнмут и сега би можел да ја добие својата работа од соништата.
„Англија е во навистина добра позиција во однос на искуството што го има сега и возраста на играчите. Овој тим ќе биде подготвен за наредното Светско првенство. Имаме на што да се надеваме, но тоа не е утеха за поразот од Шпанија“, изјави Саутгејт кој меѓу редови изјави дека сака да ја води репрезентацијата на претстојното Светско првенство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Ливерпул победи во Милано, Кунде спасител на Барселона, Аталанта го реши Челзи, Атлети славеа кај ПСВ
Уште една возбудлива вечер во Лигата на шампионите. Дербито на вечерта се одигра во Милано на стадионот „Џузепе Меаца“, каде што Интер доживеа пораз од Ливерпул. По пресврти победи славеа Барселона над Ајнтрахт, Аталанта против Челзи, Атлетико, во Ајндховен против ПСВ. Марсеј, во Брисел, ја оправда фаворитската улога против Унион Сен Жилоа, Монако во луд натпревар, откако Закарија не реализира пенал го победи Галатасарај, а Тотенхем лесно се справи со Славија Прага.
Ливерпул, во Милано, ги надмина сите проблеми и лошата форма која ги следи последните два месеци. Против Интер „црвените“ беа и без Мохамед Салах, кој доби казна од менаџерот Арне Слот, поради изјавите за англиските медиуми.
Мечот го реши глупоста на Алесандро Бастони. Во 87-та минута наивно направи пенали врз Вирц, а пеналот го реализираше најдобриот играч на Ливерпул од почетокот на сезоната, Доминик Собослај.
Резулати:
Каират – Олимпијакос 0:1 (0:0)
/Мартинс 73/
Баерн – Спортинг 3:1 (0:0)
/Гнабри 65, Карл 69, Тах 77 – Кимих 54 години/
Аталанта – Челзи 2:1 (0:1)
/Скамака 55, Де Кетеларе 83 – Жоао Педро 26/
Барселона – Ајнтрахт Ф. 2:1 (0:1)
/Кунде 50, 53 – Кнауф 21/
Интер – Ливерпул 0:1 (0:0)
/Собослај 88 пен./
Монако – Галатасарај 1:0 (0:0)
/Балогун 68/
ПСВ – Атлетико Мадрид 2:3 (1:1)
/Тил 10, Пепи 85 – Алварез 37, Ханцко 52, Серлот 56/
Унион Сен Жил – Марсеј 2:3 (1:2)
/Калаили 5, 71 – Паишао 15, Гринвуд 41, 58/
Тотенхем – Славија Прага 3:0 (1:0)
/Зима 26 а.г., Кудус 50 пен, Симонс 79 пен/
Foto/ EPA
Спорт
Мурињо: И мене ми недостасуваат неколку многу важни играчи, па не плачам
Жозе Мурињо и Антонио Конте, легендарните тренери, утре, ќе се сретнат за пар пат по седум ипол години. Бенфика и Наполи ќе играат во Лисабон.
„Воопшто не знам дали е предност за мене што знамкако играат италијанските тимови. Можеби трошам помалку време на анализа… Но, тоа не ги намалува нивните недостатоци и доблести. Тие се силен тим кој двапати беше национален шампион за краток период. За жал, што се однесува до нас сега играат поинаку отколку на почетокот на сезоната. Ми се допаѓа начинот на кој играат сега“, вели Мурињо.
Пред овој натпревар, Конте истакна дека има многу повредени играчи, што Мурињо знаеше како да го коментира.
„Клупата на Наполи е поинаква. Ако погледнете кој игра за нив, дури и не забележувате кој им недостасува. Со смени формацијата и тие станаа уште подобар тим. Нема разлика дали играте со Де Брујне или Мектоминај. Исто така, ми недостасуваат некои многу важни играчи, па затоа не плачам.“
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Вундеркиндот на Баерн спречи сензација во Минхен
Фудбалерите на Баерн Минхен го победија Спортинг од Лисабон со 3:1 (0:0) во натпреварот од 6-то коло на Лигата на шампионите.
Спортинг ги шокира Баварците во 54-та минута, кога капитенот на Баерн, Џошуа Кимих ја затресе сопствената мрежа.
Баерн од тој момент уште посилно притисна и многу брзо ги постави работите на свое место.
Во 65-та минута, Серж Гнабри го дочека центаршутот на Мишел Олисе на втората статива и го израмни резултатот.
Само четири минути подоцна, 17-годишното чудо од дете на Баерн, Ленарт Карл, го реши натпреварот.
Откако постигна гол против Арсенал во Лондон во претходното коло, сега постигна гол по асистенција на Конрад Лајмер за да го комплетира пресвртот.
Победата ја потврди Џонатан Та во 77-та минута, а овој пат Серж Гнабри беше во улога на асистент.
Инаку на овој Алфонсо Дејвис се врати на теренот по долга пауза поради повреда.
Баерн сега има 15 бода и е израмнет на првото место со Арсенал, кој има натпревар помалку. Спортинг остана на 10 освоени бода, колку што има повеќе тимови.
Foto/ depositphotos

