Македонија
Перински – Туркменоглу: разговарано за најглавните приоритети на ЕБОР во државата

Министерот Златко Перински имаше средба со Фатих Туркменоглу, Шеф на Канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Скопје, на која се споделија мислења и се разговараше за најглавните приоритети на ЕБОР во државата, а тоа е укажувањето на значителна поддршка на Македонија во инвестирање во бројни проекти во различни сектори, со цел напредок на државата во конкурентноста, зелената транзиција, како и во процесот на интеграција, како во регионалните, така и на глобалните пазари.
МПерински, упати благодарност до Туркменоглу за досегашното тридецениско партнерство на ЕБОР со Македонија, како и за ЕБОР како еден од најголемите поддржувачи на нашата држава, чија поддршка и инвестиции имаат огромен придонес во економскиот и социјален развој на општините. Особено значајни се придобивките од инвестициите во секторите за инвестирање во проекти за обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, транспортната инфраструктура, енергетиката и гасификацијата, како и општинската инфраструктура за животна средина.
Инвестициските активности од различни партнери се од големо значење за тековниот и идниот развој на државниот и приватниот сектор. Канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Скопје, како меѓународна институција е значително важен стратешки партнер на Македонија, која повеќе од 30 години, уште од далечната 1993 година, досега има инвестирано над 2,6 милијарди евра во повеќе од 180 проекти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Судијата за врски на Франција за балканскиот регион во посета на Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, на средба за претставување на новоназначениот судија за врски на Република Франција за регионот Сирил Лакомб.
Тој е еден од вкупно 20 судии за врски на Франција во светот, а од државниот обвинител Коцевски се информираше директно за состојбите во обвинителството. Притоа, судијата за врски Лакомб понуди поддршка со оперативна и техничка помош, но и експертиза преку француските правосудни органи.
Бидејќи и самиот бил јавен обвинител и лице за врски на Република Франција со Европравда, Лакомб се интересираше и за постапката за делегирање на обвинителот за врски на Република Северна Македонија во оваа меѓународна институција.
Јавниот обвинител Коцевски, од своја страна, изрази благодарност за континуираната француска поддршка за работата на Јавното обвинителство.