Европа
(Видео) Жени се истепаа на популарна плажа пред децата: се влечеа за коса и врескаа, едвај ги одвоија, јавуваат италијанските медиуми
Жестока тепачка избувнала на популарна плажа во Италија кога жени се истепаа за лежалките, јавуваат италијанските медиуми.
Шокирани туристи ја снимија неверојатната сцена на плажата во Варкатуро во областа Неапол, а снимката стана вирална на мрежите.
„Неконтролирано насилство, неопходно е превоспитување на оние што не знаат како да се однесуваат во јавноста“, напиша заменикот Емилио Борели, кој го објави видеото на своите канали на социјалните мрежи.
Според очевидци, до конфликтот дошло кога две жени, по пристигнувањето на плажата, побарале од спасувачите да им постават лежалки во првиот ред покрај морето пред оние што дошле рано наутро пред нив.
Кога персоналот одбил, жените почнале тепачка, првин ги нападнале оние што уживале на плажата, а потоа и самите спасувачи.
Дури и оние што се обиделе да ја смират ситуацијата почнале да се тепаат, а на учесниците во тепачката им требало повеќе од половина час да се разделат, пренесува Il Mattino.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од 2022 година
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров планира да ја посети Малта во декември за да учествува на состанокот на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, објави во петокот „Ведомости“ цитирајќи ја портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Тоа ќе биде негова прва посета на која било земја од Европската Унија откога Русија испрати десетици илјади војници во Украина во февруари 2022 година.
Амбасадата на Малта во Русија потврди за „Ведомости“ дека одлуката да се одржи состанок на Министерскиот совет на ОБСЕ на островот на 5 и 6 декември „се однесува на сите членки, вклучително и на Руската Федерација“.
„Делегациите на ОБСЕ се редовно информирани за напредокот на подготовките. Дополнителни практични детали, вклучително и покани, ќе им бидат испратени до сите делегации на ОБСЕ во догледно време“, соопшти Амбасадата.
Европа
Шпанија се подготвува за нови дождови, најмалку 158 луѓе загинаа во катастрофата
Шпанската метеоролошка служба (АЕМЕТ) издаде жолти и портокалови предупредувања за тешко погодените Валенсија и Кастелон.
Дождот, иако не се очекува да биде толку силен како оној што наврна на почетокот на неделата, претставува нов проблем за жителите. Бидејќи земјата е веќе заситена, понатамошните врнежи може да доведат до дополнителни поплави.
Катастрофата е најлошата во Шпанија во последните децении, а властите ги предупредуваат жителите дека вонредната состојба е далеку од завршена. Најмалку 158 луѓе загинаа во невремето, а спасувачките тимови сè уште трагаат во урнатините по исчезнати луѓе.
Повеќе од 1.200 работници се распоредени во спасувачка мисија бидејќи предупредувањата за дожд остануваат во сила во делови од земјата. На работниците им помагаат дронови, кои бараат знаци за живот во калта и урнатините.
Не е јасно точно колку луѓе сè уште се водат за исчезнати, но премиерот Педро Санчез ја истакна целта да се спасат „што е можно повеќе животи“ додека ги посетува погодените заедници.
Европа
Во Германија воведен закон кој дозволува еднаш годишно луѓето да ги менуваат полот и името
Законот за самоопределување стапи во сила од вчера во Германија, а тој им овозможува на граѓаните да ги променат името и полот во женско, машко или различно, што е трета опција за пол, која веќе постои според германскиот закон, со давање изјава еднаш во годината.
Тоа им олеснува на трансродовите, интерсексуалните и на небинарните лица да го менуваат полот во официјалните документи. Беше изгласан во април од коалицијата на левиот центар со многубројни дискусии и силно противење од десничарските и конзервативните партии.
На малолетниците над 14 години им е потребна согласност од родителите или старателите за промена на името и полот. Во случај на деца под 14 години родителите треба да поднесат изјава до матичната канцеларија.
Во рок од 12 месеци од одобрувањето на барањето не може да се изврши понатамошна промена или враќање на претходниот пол.
Слични прописи веќе постојат во 16 земји, вклучувајќи ги Аргентина, Нов Зеланд, Ирска и Швајцарија.