Свет
(Видео) Путин го отвори автопатот меѓу Москва и Санкт Петербург по 14 години

По 14 години изградба, сега е отворен еден од најважните инфраструктурни проекти на рускиот претседател Владимир Путин – автопатот меѓу Москва и Санкт Петербург долг 670 километри.
Возејќи во руски автомобил Лада Аура, Путин го прикажа последниот дел од автопатот во градот Твер, кој вклучува мост долг 738 метри што се протега на реката Волга.
𝐆𝐥𝐨𝐛𝐚𝐥 | Russian President Vladimir Putin driving a Russian-made car, Lada to the opening ceremony of a new highway section in Tver.
The travel time between Moscow and St. Petersburg will now be reduced to about an hour. | 🇷🇺 pic.twitter.com/0SP09FcMBb
— The African Perspective (@theafricanptv) July 16, 2024
Путин нареди изградба на автопатот во 2004 година, а изградбата на првата делница започна во 2010 година.
Но, автопатот не е бесплатен – возачите ќе треба да плаќаат патарина на речиси секој дел од автопатот М-11. Најскапа е првата делница од Москва до аеродромот Шереметјево и пошироко, која чини 795 рубли (околу 8 евра).
Целата рута чини повеќе од 3.000 рубли.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Свет
Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост.
Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122.
Израел, кој го контролира влезот на сите залихи во Газа, повторува дека не постои блокада и ја обвинува Хамас за лошата распределба на ресурсите.
Меѓународната заедница, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија, побара итно олеснување на влезот на помошта, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди „рамнодушноста и недостигот на човечност“ во глобалниот одговор на кризата.