Спорт
Шмајхел е пред трансфер во Селтик
Искусниот дански голман Каспер Шмајхел би можел да ја продолжи кариерата во Селтик.
Според данскиот „Типсбладет“, Шмајхел во текот на денот треба да се појави во Италија на лекарски прегледи.
Ако се биде во ред, тој би можел да им се приклучи на новите соиграчи на турнејата во САД.
Инаку, Шмајхел моментално е слободен играч по заминувањето од Андерлехт.
Доколку потпише договор со Селтик, повторно ќе соработува со Брендан Роџерс, кој претходно го водеше во тимот на Лестер, Шмајхел бранеше за Данска во неодамна завршеното првенство, избраниците на тренерот Каспер Хјулманд беа елиминирани во осминафиналето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Постојано ме критикуваат, а номиниран сум за Златната топка!“
Нема сомнеж дека Хакан Чалханоглу моментално е еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот, иако често е критикуван дека не е константен.
Впрочем, турскиот репрезентативец и фудбалер на Интер се најде во избраното друштво, меѓу 30-те кандидати за Златната топка.
„Секогаш има критики на моја сметка, но не им обрнувам премногу внимание. Не сакам да звучам арогантно, но по 21 година турски играч се врати на листата за Златната топка. И јас сум горд на тоа“, порача тој.
🗣️ Hakan Calhanoglu: "There's always criticism about me, but I don't listen. I don’t want to sound arrogant, but after 21 years, a Turkish player is back on the Ballon d’Or list. And I'm proud of it." 🇹🇷 pic.twitter.com/SBlmDdZDbR
— Football Talk (@FootballTalkHQ) September 11, 2024
Последниот турски играч кој беше номиниран за Златната топка беше Нихат Кавечи во 2003 година кога играше во Шпанија за Реал Сосиедад.
Хакан Чалханоглу има 30 години и веќе осум сезони игра со голем успех во Серија А, прво за Милан, а потоа за градскиот ривал Интер, со кој лани ја освои шампионската титула на Италија.
На почетокот на кариерата играше во Германија за Карлсруе, Хамбургер и Баер Леверкузен. Тој 92 пати го облече дресот на турската репрезентација и постигна 19 гола.
Спорт
Гвардиола едвај чека да започне судењето против Манчестер сити
Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, истакна дека едвај чека да започне судењето на неговиот клуб поради наводна финансиска проневера. Почетокот е закажан за понеделник, 16 септември.
Актуелниот англиски шампион се соочува со 115 обвиненија во периодот од 2009 до 2018 година. Доколку нешто се покаже како точно, на Сити му се заканува одземање бодови, а во најлош случај исфрлање од Премиер лигата.
Од клубот тврдат дека сè правеле според прописите, а Гвардиола се надева дека се ќе биде готово многу брзо.
„Мило ми е што се почнува и се надевам дека наскоро ќе биде готово. Толку многу се зборува и пишува. Секој е невин додека не се докаже вината. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави познатиот стручњак.
Сити има освоено осум од последните 13 титули во Премиер лигата, вклучувајќи четири по ред во последните четири години, односно шест во последните седум години.
Спорт
Лунин го продолжи договорот со Реал
Украинскиот голман Андриј Лунин потпиша нов договор со Реал Мадрид.
Лунин блескаше минатата сезона, особено во полуфиналниот реванш против Манчестер сити, кога беше најзаслужен за пласман во финалето во Лигата на шампионите. На „Етихад“ Луни одбрани два пенали.
Сепак не доби шанса да брани во финалето. Против Борусија Дортмунд на голот за врати Тибо Куртоа, кој решиси целата сезона ја пропушти поради повреда.
Поради тоа медиумите пишуваа дека Лунин не е задоволен од статусот што го има воклубот и дека е подготвен да го напушти „Сантијаго Бернабеу“.
Неговиот договор истекуваше следното лето, но тој сепак реши да ги одбие сите понуди и да го продолжи договорот со Реал до јуни 2028 година.