Спорт
Тадиќ поради лошиот однос со Пикси повеќе нема да игра за Србија

Капитенот на Србија, Душан Тадиќ (35) ќе се повлече од репрезентацијата, пишува „Телеграф“. Одлуката се уште не е официјално објавена, но искусниот офанзивец наводно веќе ја донел одлуката и повеќе не сака да игра за репрезентацијата, а како веројатна причина се наведува лошиот однос со селекторот Драган Стојковиќ.
По поразот на Србија од Англија, Тадиќ го прозва Пикси бидејќи не бил во стартниот тим и изјавил дека мисли дека е најдобриот играч во репрезентацијата. Тој се пожали и затоа што не доби поголема минутажа на решавачкиот меч против Данска, во кој Србија не успеа да ја извлече потребната победа, нагласувајќи дека Лука Модриќ и понатаму е незаменлив во Хрватска иако е три години постар од него.
На одлуката на Тадиќ веројатно влијаеле коментарите на Стојковиќ по финалето на Европското првенство.
„Уште еден детал од синоќешниот натпревар ми остави силен впечаток, кога Кејн и Мората го напуштија теренот. Двајца капитени, двајца лидери на нивните репрезентации. Ниту еден гест, ниту најмала реакција што ќе го скрши тимскиот дух. Од клупата им даваат поддршка на соиграчите. Тие работи треба да ги научиме. Егата треба да ги тргнема на страна, сите се во служба на тимот, победата е заедничка цел“, рече Стојковиќ ден по финалето во Берлин, очигледно алудирајќи на Тадиќ..
Душан Тадиќ моментално е член на Фенербахче, а за српската репрезентација настапува од 2008 година. За 16 години забележа 111 настапи и постигна 23 гола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Доаѓаат од село со 1485 жители, тренер им е директор на училиште и се нови шампиони на

Мјалби стана шампион на Шведска. Во 27-то коло од Алсвенскан, го победија Гетеборг со 2:0 и три кола пред крајот стигнаа до недостижни 11 бода предност пред второпласираниот Хамарби. Победничките голови ги постигнаа Јакоб Бергстром во 21-та и Том Петерсон во 28-та минута од натпреварот.
Ова е нивна прва шампионска титула во историјата на клубот, а тие го соборија рекордот и станаа најмалото место кое некогаш добило шампион меѓу земјите членки на УЕФА.
Следната сезона, тие ќе играат во квалификациите за Лигата на шампионите, а исто така ќе играат и во европските натпреварувања за прв пат во историјата.
Клубот Мјалби АИФ е од Хелевик, град на југот на Шведска со население од 1485 жители според последниот попис од 2023 година. Хелевик се наоѓа во Селвесборг, општина со вкупно население од околу 17.000 жители.
„Кога нашите противници доаѓаат да нè посетат, тие се возат со автобус и возат низ фарми, покрај рибарски пристаништа. Потоа возат малку повеќе и кога повеќе не можат да одат напред, доаѓаат на нашиот стадион“, изјави за „Гардијан“ Хасе Ларсон, спортски директор на клубот.
Станува збор за клуб кој низ својата историја се движел од првата до четвртата шведска лига, а не толку одамна, од 2015 до 2018 година, бил во третата лига. Потоа изборил пласман во повисок ранг во две последователни сезони и сега игра во највисокото ниво на шведскиот фудбал шеста година по ред. Во тој период, се рангирал од петтото до десеттото место.
Според „Трансфермаркт“, Мјалби е деветтиот највреден тим во шведското првенство. Вкупната вредност на играчите е 15,7 милиони евра.
Највредниот шведски клуб е Малме со 40 милиони евра, а над 30 милиони е вредноста на играчите на Хамарби, додека Ѓургарден вреди 25 милиони евра.
Покрај тоа што нема познати имиња или играчи со голема вредност во тимот, Мјалби нема ниту тренер со значајна кариера. Тие се предводени од 59-годишниот Андерс Торстенсон, човек зад кого стои единствена приказна.
Торстенсон бил младински играч во Мјелби во 1980-тите, но го напуштил клубот пред да игра за сениорскиот тим и се приклучил во војската една деценија.
По враќањето од војска, Торстенсон се вработил како директор на училиште, а во исто време работел како тренер во аматерски клубови. Како што вели, никогаш не помислил дека може да има сериозна тренерска кариера.
Во Мјалби дошол како помошник тренер во 2007 година и три години подоцна влегол во првата лига со клубот. Станал главен тренер во 2013 година и решил да го напушти училиштето за да се посвети на својата работа во фудбалот, но бил еден од ретките во клубот кои го имале тој луксуз.
Таквата посветеност била клучна за создавање тим кој без истакнат поединец (вистинска ѕвезда) стана шампион на Шведска.
Најдобриот стрелец на клубот со само шест гола е 20-годишниот Абдули Манех, кој минатата година дошол од Гамбија како сосема непознат играч. Највреден играч во клубот е Елиот Страуд (2,5 милиони евра), кој пристигна пред две години од третата шведска лига, додека еден од клучните дефанзивци е Абдула Икбал, Пакистанец донесен од втората данска лига.
Капитен е Јеспер Густавсон, 30-годишен локален жител кој целата своја кариера ја поминал во Мјалби уште од дете и не го напуштил дури ни во најтешките моменти.
Арвид Францен е одговорен за пронаоѓање нови играчи, кој ја извршува својата скаутска работа од далечниот град Ескилстуна, на шест часа возење, каде што работи секојдневно како поштар и ќе се приклучи на клубот како постојан вработен подоцна оваа година.
Спорт
Италија без Синер ќе ја брани титулата во Дејвис купот

Четирикратниот шампион на Гренд слем турнирите, Јаник Синер, нема да биде дел од италијанската репрезентација на финалето турнир на Дејвис купот во Болоња.
Со денови се шпекулираше дека вториот тенисер во светот ќе го прескокне споменатото натпреварување, а во понеделник беше потврдено дека нема да биде во националниот тим.
„Синер не го потврди учеството во Дејвис купот. Дејвис купот беше и секогаш ќе биде негов дом и сигурен сум дека наскоро ќе се врати во тимот. Во меѓувреме, имам тим подготвен да се бори и да даде сè за синиот дрес. Болоња ќе биде уште една возбудлива авантура. Ги познавам овие момци и сигурен сум дека иднината ќе ни донесе големо задоволство“, рече Филипо Воландри, тренер на италијанската репрезентација.
Италија го брани трофејот освоен минатата година, а Воландри ги повика Лоренцо Мусети (осми на АТП листата), Флавио Коболи (22), Матео Беретини (59), Симоне Болели (14-ти во двојки) и Андреа Вавасори (15-ти во двојки).
Фајнал Ејт турнирот в Дејвис купот ќе се одржи од 18 до 23 ноември, а Италија ќе се сретне со Австрија во четвртфиналето. Преостанатите двојки се: Франција – Белгија, Шпанија – Чешка и Аргентина – Германија.
Пред неколку дена, Синер го победи Карлос Алкараз во финалето на егзибицискиот турнир во Ријад и се врати од Саудиска Арабија со неверојатни шест милиони долари.
Foto/ EPA
Спорт
Ништо од Џерард, Рол ќе го предводи Глазгов Ренџерс

Шкотскиот великан Глазгов Ренџерс го назначи Дени Рол за нов тренер.
На 5 октомври, Ренџерс го отпуштија тренерот Расел Мартин по 17 натпревари и го доведоа Рол, кој потпиша договор на две и пол години.
„Ова е огромна привилегија во неверојатен клуб, познат низ целиот свет. Знам дека почетокот на сезоната беше тежок, но има многу да се игра. Очекувањата се јасни, навивачите сега сакаат да видат резултати, мојот менталитет и искуство е дека размислувам потполно на ист начин“, рече 36-годишниот германски тренер.
Ренџерс се шести на табелата со една победа од осум натпревари и ќе играат против Бран во Лигата на Европа во четврток.
Рол го водеше Шефилд Венздеј од октомври 2023 година до јули оваа година, а пред тоа работеше како помошник тренер во Лајпциг, Саутемптон и Баерн Минхен.