Свет
Бајден го откри условот за повлекување од претседателската трка
Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември.
Американскиот лидер Џозеф Бајден во интервју изјави дека ќе се повлече од претседателската трка доколку лекарите откријат дека има здравствени проблеми, пренесува Си-би-ес.
Шефот на Белата куќа смета дека единственото нешто што доаѓа со годините е мудроста.
Пред тоа изјави дека неговата здравствена состојба не бара дополнителни проверки, но дека е подготвен за нив доколку тоа го побараат лекарите.
Има сѐ повеќе повици меѓу демократите да номинираат друг кандидат за замена на Бајден по неуспехот на неговата дебата со Трамп. Теоретски, партијата ќе има таква можност на конгресот во август, но во пракса ќе биде тешко да се отстрани американскиот претседател од трката доколку тој самиот не одбие да учествува. Истовремено, дел од политичарите велат дека има намера да остане во трката и да оди до крај, стои во написите на медиумите во регионот.
Втората дебата Бајден – Трамп е закажана за 10 септември.
Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Крај на драмата во Шпанија: мажот што ги избоде родителите пренесен во болница
Четириесетгодишен маж, кој се забарикадирал во населбата Сан Адријан во Билбао, откако ги избоде родителите, се фрли од балконот. По падот бил префрлен во затворската болница.
Двете постари лица, родители на дотичниот маж, рано попладне биле пренесени на лекување, пренесе Ел Мундо.
Според шпанскиот портал, мажот за кој се претпоставува дека е на психолошки третман, а кој ги нападнал родителите, а потоа скокнал од балкон, утрово доживеал необична несреќа кога со своето возило паднал од четврти кат на паркингот на аеродромот во Лоиу.
Автомобилот бил пронајден уништен, но возачот исчезнал без трага до моментот на нападот.
Свет
Папата ги критикуваше Харис и Трамп, на католиците им порача: Мора да го изберете помалото зло
Папата Франциско го критикуваше поранешниот американски претседател Доналд Трамп за неговиот план да депортира милиони имигранти и американската потпретседателка Камала Харис за поддршката на правата за абортус.
На прашањето за американските претседателски избори на летот од Сингапур до Рим, папата Франциско рече дека неприфаќањето мигранти е „тежок“ грев, а абортусот го спореди со „убиство“.
Тој рече дека американските католици ќе мора „да го изберат помалото зло“ на изборите во ноември.
Франциско им зборуваше на новинарите по исцрпувачката 12-дневна турнеја низ Југоисточна Азија и Океанија. Иако Папата не ги спомна Трамп и Харис по име, тој посебно се осврна на нивната политика. И покрај тоа што ги критикуваше двајцата кандидати, тој рече дека католиците треба да гласаат на изборите.
„Треба да го изберете помалото зло. Кој е помалото зло? Таа дама или тој господин? Не знам. Секој со совест (мора) да размислува и да го направи тоа“, рече 87-годишниот папа Франциско.
Тој претходно ја критикуваше антиимигрантската реторика на Трамп. Во 2016 година, Папата рече дека Трамп „не е христијанин“ во своите ставови.
А денеска рече дека политиките на двајцата кандидати е „против животот“.
„Без разлика дали е тој што протерува мигранти или тој што убива деца. И двајцата се против животот“, рече папата Франциско.
Регион
(Фото) Грчки нуркачи го чистеа морето кај Солун, пронајдоа „цел возен парк“
Тим од 20 нуркачи волонтери го чистеа брегот кај Солун и извлекоа неочекуван „улов“ од водата: цела флота возила, наведуваат на страницата Никана.гр.
„Дваесет нуркачи волонтери, со помош на други членови на тимот и механизација, го чистеа брегот кај Солун на потегот од Белата кула до првото пристаниште. Како што можете да видите на сликите, „фатен е“ цел арсенал на превозни средства“, скутери, велосипеди, па дури и помали мотори. Им честитаме на волонтерите и секако ги поддржуваме ваквите акции кои придонесуваат за почиста морска средина“, беше наведено заедно со фотографии од местото на настанот.
Многумина беа шокирани, на луѓето не им е јасно како и зошто сето ова се нашло на морското дно, а објавата брзо стана вирална како предупредување за околината.