Свет
Средношколци во Токио јаделе чипс зачинет со лута пиперка и завршиле во болница
Четиринаесет средношколци од Токио итно се префрлени во болница откогако јаделе чипс зачинет со лута пиперка, соопшти денеска полицијата.
30-ина ученици јаделе чипс кога еден од нив ги донел на училиште, објавија локалните медиуми, пренесе Би-би-си.
Набргу некои од нив почнале да се жалат на мачнина и остра болка во устата поради што биле повикани брза помош и полиција. Тринаесет девојчиња и едно момче, кои биле пренесени во болница, биле свесни и наводно имале благи симптоми.
Еден медиумски извештај наведува дека еден од учениците, момче, донел чипс на училиште „само за забава“. Компанијата што произведува грицки преку соопштение им се извинила на клиентите за непријатностите и им посакала на учениците брзо закрепнување.
Веб-страницата на компанијата е полна со предупредувања за оние што можеби ќе сакаат да ги пробаат чипсовите. Чипсовите се забранети за помлади од 18 години бидејќи се зачинети, а компанијата ги предупредува дури и оние што сакаат зачинета храна „да јадат со претпазливост“.
„Толку е зачинета што може да ви предизвика болка“, се вели на веб-страницата на компанијата. Зачинет е со пиперки, кои се одгледуваат во североисточна Индија и се меѓу најлутите во светот. Јапонската компанија ги советува потрошувачите да не „јадат чипс кога се сами“ и додаваат дека тие може да предизвикаат дијареја доколку „се јадат во прекумерни количини“.
На оние со висок крвен притисок и слаб стомак „апсолутно им е забрането“ да јадат чипс, се наведува на веб-страницата на компанијата и се предупредува дека луѓето со расеченици на прстите треба да внимаваат кога ги отвораат кесите. Оние што се „срамежливи или премногу исплашени“ исто така се обесхрабрени да пробуваат чипс, пренесува „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германија го суспендираше новиот извоз на воено оружје во Израел
Германија го суспендираше новиот извоз на оружје за Израел додека се справува со правните предизвици, според анализата на податоците на Ројтерс и извор близок до Министерството за економија.
Извор близок до министерството цитираше висок владин функционер дека работата за одобрување дозволи за извоз на оружје во Израел е стопирана поради правниот и политичкиот притисок од правните случаи кои тврдат дека таквиот извоз од Германија го прекршува хуманитарното право.
Министерството за економија соопшти дека нема и нема да има забрана за извоз на оружје во Израел, а одлуките се носат од случај до случај по внимателно разгледување, додавајќи дека меѓународното право, надворешната и безбедносната политика се клучни фактори во нивните оценки.
– Нема бојкот на германскиот извоз на оружје против Израел – изјави владиниот портпарол во средата, коментирајќи го извештајот.
Минатата година Германија одобри извоз на оружје за Израел во вредност од 326,5 милиони евра, вклучувајќи воена опрема и воено оружје, што е десеткратно зголемување во споредба со 2022 година, покажуваат податоците на Министерството за економија, кое одобрува извозни дозволи.
Но, годинава одобренијата паднаа, а од јануари до 21 август се дадени само 14,5 милиони евра, покажуваат податоците на Министерството за економија како одговор на пратеничко прашање.
Регион
Вархеји: Добра средба со Вучиќ за спроведување на следните чекори, планот за раст во полн ек
Европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји денеска изјави дека имал добра средба со српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел за да ги подготви следните чекори во време кога се започнуваат „амбициозните реформи засновани на реформската агенда на Србија“.
Вархеји на социјалната мрежа Х оцени дека новиот План за раст на Западен Балкан вреден шест милијарди евра е во полн ек.
„На маргините на состанокот на лидерите од Западен Балкан, имав добар состанок со претседателот Александар Вучиќ за да ги подготвам следните чекори додека започнуваме амбициозни реформи врз основа на реформската агенда на Србија. Новиот план за раст од 6 милијарди евра е веќе во полн ек. Повеќе реформи, повеќе поддршка!“, рече Вархеји.
Свет
Фолксваген сака да укине до 30.000 работни места во Германија и да ги намали инвестициите
Производителот на автомобили Фолксваген сака да укине до 30.000 работни места во Германија и да ги намали инвестициите, објави германскиот деловен портал Менаџер.
Како што се наведува, поддржувачите на радикалните мерки во менаџментот на Фолксваген очекуваат бројот на работници да се намали од сегашните 130.000 за речиси една четвртина.
Се најавува дека и Фолксваген поради заштеди ќе ги намали инвестициите за речиси 20 милијарди евра, а можни се отпуштања и во одделот за истражување и развој, пренесува Bild.