Црна хроника
Кривична против 36-годишник за обидот за убиство на градоначалникот на Арачиново
Поднесена е кривична пријава против 36-годишниот М. А. за обид за убиство на градоначалникот на Арачиново и други лица.
СВР Скопје го расчисти кривично-правниот настан од 1.4.2024 во село Арачиново, Скопско, кога беше пријавено дека кон градоначалникот на општина Арачиново Р. И. и други лица вработени во Општината, додека вршеле увид во градежни работи, од страна на непознато лице од автоматско оружје биле испукани повеќе проектили, при што повреди добиле Е. С. (39) и А. А. (22), извести МВР.
„Веднаш по добиената пријава, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, во координација со ОЈО Скопје, преземени се многубројни оперативно-тактички и истражни дејства, при што е утврден идентитетот на сторителот. По целосното комплетирање на службените материјали и извршените вештачења, на 16.7.2024 до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава против М.А. (36) за сторено кривично дело убиство во обид, предвидено и казниво по чл. 123 во врска со чл. 19 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Прегазена 56-годишна скопјанка: ја удрило „порше“
Вчера околу 20:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Лука Геров“ со ул.„Андон Кецкаров“ во Скопје, патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ќ.К.(52) од Скопје, удрило во 56-годишната Ц.Ц. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Ц., констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Измамил граѓанин за над 370. 000 денари: кумановец се претставил како вработен во туристичка агенција
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Б.(33) од Куманово.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“.
Пријавениот, се претставил како вработен во туристичка агенција во Куманово и со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда едно лице за резервација за летување за две семејства во Р.Турција, во износ од 373. 890 денари.
Црна хроника
Претрес во Кичево, пронајдена дрога, уапсено едно лице
Вчера во 13:50 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево го лишија од слобода У.З.(45) од Кичево.
При претрес во неговиот дом и неговото возило „хјундаи“, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана, бела прашкаста материја и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

