Црна хроника
Судир меѓу „нисан“ и мопед: 18-годишник со тешки повреди пренесен на Клиника

Вчера во 19.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од пат кој води кон улицата „50“ во село Радишани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан“, управувано од 56-годишниот А.Л. и мопед „пијаџо“, управуван од 18-годишниот М.Н., двајцата од Скопје, а двете возила со скопски регистарски ознаки, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен возач од Тетово, кој со „бмв“ возел 151 километар на час на место на кое е дозволено 80

Вчера на патот Гостивар-Тетово, кај клучката Жеровјане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го привеле Н.Р.(40) од селото Мала Речица, поради брзо возење.
Од МВР велат дек управувал автомобил ,,бмв“, со гостиварски регистарски таблици, со брзина од 151 километар на час на место каде максимална дозволена брзина е 80 километри на час.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок за безобѕирно управување со моторно возило“
Црна хроника
Kриминалец oд Скопје фатен на границата со Грција, се барал со потерница за да издржува затвор

Полицијата вчера го приведе 44-годишниот С.А. од Скопје, кој претходно се обидел илегално да ја премине државната граница.
„При извршена проверка констатирано било дека за него била распишана потерница за издржување на затворска казна во траење од четири години и 10 месеци“, велат од МВР.
Спроведен е во штипскиот затвор.
Црна хроника
Истрага против дилер на марихуана од Радовиш

Основното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против жител на Радовиш за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Осомничениот, во период од неколку месеци, од непознато лице набавил 80 пакувања марихуана со вкупна нето маса од околу 400 грама, која ја држел во гаража пред зградата во која живее. Од октомври 2024 до април 2025 година дрогата неовластено ја препродавал на наркозависници.
При извршениот претрес на 17 април во гаражата биле откриени 36 пакувања со вкупно 180 грама марихуана наменети за натамошна продажба.
Јавниот обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, за осомничениот предложи да биде определена мерка притвор.