Македонија
СДСМ: Скандалот „фамилијарни патувања“ се проширува, дали и сопругата на Муцунски патувала за Вашнгтон?

Скандалот фамилијарните патувања за САД на претставниците на Владата се проширува. Според инфомрациите кои ги пласираат дел од медиумите, сопругата на Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски исто така патувала за Вашингтон, велат од СДСМ.
„И за ова како и за претходниот скандал, молк од Владата и МНР за тоа дали и таа била на државен трошок. МНР никогаш не ги објави имињата на целата делегација и сега станува јасно зошто е тоа така. Очигледно е дека одењето за Вашингтон имало за цел да се исетараат фамилијарни одмори, а не да се тера дипломатија. Не е ни чудно тоа што Самитот на НАТО беше дипломатски дебакл на нашата делегација, очигледно приоритетите биле други’, додаваат од СДСМ.
СДСМ бара Тимчо Муцунски веднаш да ја објави листата на сите кои патувале на државен трошок во САД.
„Ако како што вели немало што да се крие, зошто не објавува и ја затвори оваа тема еднаш засекогаш? Бараме Мицкоски конечно да ги покаже приватните сметки кои тврди дека ги платил од џеб за синот. И тој се крие веќе трети ден и ништо не кажува на темата а граѓаните чекаат одговори“, завршуваат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Деновите поминуваат, а од СДС молк и не кажуваат дали Филипче има златна виза за Дубаи и како ја стекнал, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Деновите поминуваат но од СДС и Венко Филипче, молк. Иако изминатите неколку дена ги прашуваме да одговорат, дали по примерот на Зоран Заев и неговиот чувар на партиското претседателско столче, Венко Филипче поседува златна виза за Дубаи, одговор нема, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Или, пак, молчењето и на СДС и на Филипче е потврда за овие дилеми?
Јавно познато е дека човек со таков документ, златна виза, може се стекне со инвестиција која достигнува неколку милиони евра.
Оттука произлегува прашањето, колку милиони Венко Филипче однесе во Дубаи, за да стекне со таа златна виза исто како и неговиот водач, Заев, кој таму гради висококатница.
Имајќи предвид дека Филипче е поранешен министер за здравство и тоа ве периодот на најголемата светска криза во поновата историја, ковид кризата, дали во Дубаи го однесол ќарот од кризата, која тој ја претворил во можност за негова финансиска придобивка, како и од криминалот направен во тоа време“, прашуваат од владејачката партија.
Според нив, СДС, наместо да молчи, има обврска на јавноста да и даде прецизни одговори дали и Венко Филипче има и како ја добил златната виза за Дубаи.
Македонија
Маркетите од денеска со нова обврска: ќе треба јавно да ги објават цените на производите

Трговците се должни од денеска да ги објавуваат продажните цени на производите на нивните официјални веб страници.
Министерството за економија изготви Правилник за начинот на објавување на цените на стоките.
Ажурирањето на цените треба да се врши секој ден до 10 часот, а во случај на ненамерна техничка грешка, трговецот е должен да ја корегира грешката во рок од 24 часа.
Со ваквиот начин на објавување на продажните цени како што оценуваат надлежните, ќе се обезбеди транспарентност, поголема конкурентност и намалување на цените.
За оние кои нема да ја почитуваат, пропишани се глоби кои достигнуваат и до 10 илјади евра.
Мерката според најавите нема да важи за трговците кои имаат до 10 вработени.
Македонија
Променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено претпладне

Времето денеска променливо облачно со локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд и грмежи, особено претпладне. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, сончево и топло со мала до умерена облачност. Од почетокот на следната седмица повторно ќе настапи дестабилизирање на времето со локални врнежи од дожд и појава на грмежи.