Македонија
„Покажавте голема пожртвуваност и без вас исходот можеше да биде катастрофален за Битола“: Коњановски со иницијатива за доделување награда за пожарникарите
На првата следна седница на Советот на Општина Битола, градоначалникот Тони Коњановски ќе поднесе иницијатива за доделување награда од страна на Советот на Општина Битола на вработените во Територијалната противпожарна единица за нивното особено залагање и максимално ангажирање во гаснењето на пожарите и справувањето со огнената стихија над градот.
„Од првите кризни моменти на теренот, кога почна пожарот во понеделникот попладне на 15.7.2024 година на ридовите над обиколницата, сите припадници на ТППЕ Битола, максимално, деноноќно, беа постојано на терен и работеа напорно да се стави пожарот под контрола иако временските услови воопшто не беа на нивна страна. Со повеќекратни налети на канадерите испратени како државна помош од страна на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, големиот пожар сепак беше ставен под контрола, но пресудно беше присуството на пожарникарите на теренот, кои продолжија да се борат на нови опожарени локации, заедно со постојана поддршка на јавните претпријатија и граѓаните, кои индивидуално и преку разни здруженија максимално помогнаа да се стабилизира состојбата, без да имаме катастрофални последици“, вели Коњановски и додава:
„Кризниот штаб постојано ја следеше состојбата на терен и со заемна координација се дејствуваше во сите можни насоки. Посебна благодарност како градоначалник морам да им упатам на сесрдната поддршка на битолчани. Ви благодарам на вашата големина и на вашата вклученост да помогнете секој на свој начин, сеедно дали тоа беше поддршка на терен во гаснењето на пожарите или донации за луѓето на терен во вода и храна. Голем број компании, меѓу кои Бимилк, Вемилк, заедно со Ротари клуб – Широк сокак, Инервил клуб – Битола, хотел ресторан Бела куќа, хотел ресторан Капри, Пелистерка, фирмата Фреш Кичево, подружница Битола, сендвичарница на Широк сокак и други поединци и граѓани, донираа храна за пожарникарите и другите што го гаснеа огнот, а постојано се надополнуваа донациите и со вода, сокови, јогурт и млеко за луѓето на терен. Волонтерите од доброволните друштва, паралелно со пожарникарите, помагаа на теренот. Тука беа дел од чкембарите, мотокрос-друштва, Доброволното противпожарно друштво Архангел, волонтери, па дури и младиот Митат, кој цела вечер со мотокрос носел вода за пожарникарите и доброволците“, посочи Коњановски.
Млади битолчани, потенцира Коњановски, самоиницијативно со своите теренски возила, помагаа при достава на храна и вода.
„Тука и е битолчанецот Васко Михалчев, кој беше дел од пилотите кои го гаснеа пожарот од воздух. Медиумите, со постојаното следење на состојбата исто така дадоа своја поддршка и беа будното око над градот, известувајќи за секоја теренска новонастаната состојба. И доколку некого изоставив, простете ми, но покажавте голема пожртвуваност и без сите Вас, предводени од нашите пожарникари, навистина исходот можеше да биде катастрофален за Битола и битолчани“, рече градоначалникот Тони Коњановски образложувајќи ја иницијативата за доделување награда на 40-ина вработени во ТППЕ Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Воведуваме „Центарска картичка“ со попусти за културни, спортски настани, локали и продавници
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека се воведува „Центарска картичка“ со попусти за културни и спортски настани, локали и продавници.
„Секој центарец добива еднаш годишно бесплатна карта за театарска претстава, а за секоја следна купена карта добива 20% попуст. Со картичката, овоможуваме и 20% попуст за натпреварите на нашиот најтрофеен клуб „Работнички“, како и попусти за влез на базен. На нашите центарци, на децата и возрасните им овозможуваме подобри услови и поволности“, рече Герасимовски.
Македонија
Почина Агим Јонуз
Политичкиот анлитичар, Агим Јонуз, почина во Скопје на 63 години по боледување.
Јонуз беше активен во политичкиот живот во Македонија не само како аналитичар и колумнист, туку и како поранешен советник и портпарол на поранешниот претседател на Собранието, Лупчо Јордановски и на поранешниот премиер Бучковски.
Во 2021 година Јонуз беше носител на листа на советници за Град Скопје предложен од „Твоја Партија“.
Јавноста го познаваше како чест гостин во политичките дебатни емисии на телевизиите.
Погребот на Агим Јонуз ќе се одржи утре, 26 октомври 2025 година, на гробиштата во Бутел.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ веќе има 35 градоначалници, рече Мицкоски по повлекувањето на опонентите од Могила и Македонски Брод, очекува 59
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешниот митинг во Неготино изрази увереност дека кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ која има предност пред нејзиниот опонент од СДСМ, ќе биде следниот градоначалник на општината.
Мицкоски нагласи дека граѓаните јасно ја изразиле својата волја и доверба кон ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, која во првиот круг освоила 33 градоначалници, наспроти тројца од СДСМ, а во вториот круг влегла во 26 општини.
„Веќе во две општини противниците на нашите кандидати се откажаа – Македонски Брод и Могила – така што во овој момент коалицијата има 35 градоначалници и уште во 24 општини е во втор круг. Тоа се 59 потенцијални градоначалници“, рече Мицкоски, додавајќи дека тоа ќе биде историски најголем триумф на македонската политичка сцена.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори, имајќи мнозинство и во 58 општински совети, а го истакна и водството на кандидатот за градоначалник на Град Скопје, со предност од над три спрема еден во однос на противкандидатот.
Мицкоски ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање на 2 ноември и да го заокружат бројот 9, за, како што рече, да се потврди „најголемата победа во историјата на Македонија“.

