Македонија
Министерот Орхан Муртезани се сретна со американската амбасадорка, Ангела Агелер: реформите и борбата против корупцијата беа главни теми
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска, во својот кабинет се сретна со нејзината екселенција, амбасадорката на Соединетите Американски Држави (САД) во Северна Македонија, Ангела П. Агелер. На средбата се разговараше за важни прашања од билатералната соработка, борбата против корупцијата, како и за подготовката на реформската агенда на планот за раст за земјите од Западен Балкан и тековните политички прашања.
Министерот Муртезани на средбата истакна дека го цени придонесот на САД и на амбасадорката Агелер во поддршката на евроинтегративните процеси на Северна Македонија и изрази подготвеност за соработка со САД за забрзување на реформите за напредок на земјата кон членство во големото европско семејство. Муртезани потенцира дека Северна Македонија останува доверлив партнер на САД, силно посветена на промоцијата на западните вредности, демократијата и стабилноста во регионот. Тој информира дека реформската агенда од планот за раст беше дискутирана на седницата на Владата и целиот пакет е навремено доставен до Европската комисија, со што почна процесот на меѓуреосроска консултација во системот на ЕК.
Амбасадорката Агелер, пак, изрази подготвеност како и секогаш да ѝ помогне на земјата во реформите и во борбата против корупцијата. Таа ја истакна важноста за блиската соработка меѓу сојузниците и заедничката посветеност за унапредување на стабилноста и економскиот развој.
Соговорниците се согласија дека е исклучително важно да се искористи моментот за спроведување на рефромската агенда, со што ќе се обезбеди значаен придонес за социо-економскиот раст, обезбедување стабилност и намалување на диспаритетите меѓу земјата и ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

