Македонија
Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите

Денес два полициски хеликоптера Mi-171 и Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици учествуваа во гасењето на пожарите во државата, информираат од МВР.
„Ми-171 дејствуваше на планината Серта, на територијата на општина Неготино, на пожарот кај селото Подлес, на територијата на Кавадарци и на пожарот на територијата на Радовиш. За време на дејствувањето, хеликоптерот во 32 налети исфрли над 80 тони вода.
Хеликоптерот Бел-412 дејствуваше на пожарите на врвот Лисец, помеѓу селата Г. Јаболчиште и Дреново, и на планината Серта, с. Калањево. За време на дејствувањето во 27 налета исфрли преку 40 тони вода и заедно со пожарникарите кои беа на терен и останати воздухоплови на терен се дејствуваше да се локализираат огнените стихии“, се истакнува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Изменет сообраќаен режим во наредните четири дена во Скопје кај кањонот Матка-реката Треска

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на реката Треска-кањон Матка, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во тој дел од градот Скопје и тоа во понеделник, вторник и среда од 08 до 14 часот, а во четврток од 08 до 16.30 часот.
„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, со цел да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот“, велат од МВР.
Македонија
(Видео) Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во струмичко

Вчера полициски хелиокптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во Василево, село Нивичино.
Поради разгорување на пожарот и опасност кон викендици и лица што дејствуваат во гаснење на пожарот полицискиот хеликоптер со прецизни налети дејствуваше во близина на патот и објектите кои што беа обиколени со пожар за да се обезбеди безбеден премин и да можат екипите од терен на безбедно да извршат евакуација на загрозените лица и да се повлечат на безбеден терен.
Македонија
Следува период на многу топло време со температури над 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 40 степени.
Времето во наредните денови
Во текот на новата работна седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура на повеќе места ќе надминува 35°C, а наместа и 40°C.