Македонија
ЦУК: Има активни 13 пожари

Центарот за управување со кризи информира дека има активни 13 пожари, од вкупно 28-те пожари на отворено во последното деноноќие, што се во општините:
– Општина Чашка с.Јаболчишта и с.Дреново врв Лисец (високостеблеста вегетација)
-Општина Велес кај с. Калањево (нискостеблеста шума)
-Општина Росоман кај с.Сирково и с. Подлест (нискостеблеста шума и ниска вегетација)
– Општина Студеничани место викано Бегово Поле (ниска вегетација и шума);
– Општина Штип помеѓу селата Драгоево и Селце, с.Пухче и с. Пиперово (ниска вегетација и грмушки )
-Општина Чашка кај с.Габровник префрлен пожар од с.Слепче, (мешана шума и ниска вегетација)
-Општина Македонски Брод с. Слатина , кај Грешница (нискостеблеста шума, ниска вегетација)
-Општина Проби Штип кај с.Гајринци(нискостеблеска и висока трева)
-Општина Чашка, кај с.Подлес (ниска стеблеста,деградиране шума и ниска вегетација)
-Општина Битола кај м.в Смолево (ниска вегетација и шума)
-Општина Прилеп, с.Небрегово(ниска вегетација и шума)
-Општина Долнени с. Небрегово (Нискостеблеста шума) удар од гром
-Општина Штип, кај Пепелиште(ниска вегетаицја)
Пожари под контрола
Вкупно 4
– Општина Долнени с. Слепче и с.Гостиражни (ниска вегетација и дабова шума)
– Општина Делчево (градска депонија)
– Општина Македонски Брод : с.Девич (дабова шума)
– Општина Радовиш ,с. Штурово ( мешовита шума)
Пожари локализирани
Вкупно 2
-Општина Василево : помеѓу селата с.Вељуса и Ангелци (ниска вегетација)
-Општина Конче: с Горни и Долни Липовиќ (нискостеблеста шума)
Изгаснатии пожари
Вкупно 9
– Општина Росоман 2 пожари:с.Трстеник, с.Манастирец (ниска вегетација)
– Општина Ново Село: с.Бадилен (дабова шума и борова шума)
– Општина Зелениково: с.Вражале (ниска вегетација и шума)
– Општина Виница: Ромско маало (ниска вегетација)
– Општина Струга 2 пожари; с.Татеш(стрниште) и с.Велешта(стрниште).
– Општина Струмица; Клучката кон с.Попчево на регионалниот пат Струмица –Валандово(ниска вегетација и капини)
– Општина Битола: Гермаски гробишта нас.Баир (Ниска вегетација и шума);
– Општина Чашка: 2 пожари меѓу с.Јаболчиште и с.Раштани (ниска вегетација)
– Општина Прилеп 3 пожари: кругот на ,, Црн Бор ” и,, Бин- Фут” (ниска вегетација) м.в „Расомбегово“ (ниска вегетација), с.Кошино (ниска вегетација и шума)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места дожд и снег

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7 степени, а максималната ќе биде во интервал од 4 до 11 степен.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти со 3, а максималната ќе достигне 7 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд. Денес на планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка. Поради натамошно спуштање на студен воздух, ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места. За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а дневната ќе биде во благ пораст.
Македонија
Врнежи од снег и паднати дрвја на патот Никфорово-Леуново-Бунец, сообраќајот во прекин

На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ.
Се интервенира за негово расчистување.
Во текот на денот и вечерва вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово# со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрва кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското езеро.