Спорт
Јоро под закана завршил во Манчестер јунајтед

Талентираниот француски дефанзивец, Лени Јоро, од вчера е член на Манчестер јунајтед. „Црвените ѓаволи“ успеаја да го реализираат трансферот и покрај тоа што Јоро имал договор со Реал Мадрид.
Трансферот на Јоро од Лил во манчестер јунајтед изнесува 62 милиони евра (0 милиони е фиксниот дел, а 10-12 милиони Лил може да заработи преку бонусите вметнати во договорот).
Реал и покрај тоа што покажа голем интерес за младиот дефанзивец немаше намера да понуди повеќе од 30 милиони евра.
Стоперот Лени Жоро е нов член на Манчестер јунајтед, но не може да се каже дека доброволно го избрал „Олд Трафорд“.
„Марка“ попува дека Лил му се закани на Јоро дека ќе седи на трибините цела сезона доколку следното лето има намера да замине во Реал Мадрид како слободен играч.
„Лил изврши голем притисок врз Лени Јоро. Му кажале дека ако остане, ќе седи на трибините цела сезона доколку има намера да го напушти клубот без обештетување и да замине во Реал Мадрид како слободен агент следното лето. Познато е Реал Мадрид е негов сон“, напиша на „Макрка“ повикувајќи се на новинарот Фабрицио Романо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Потер ќе биде новиот селектор на Шведска

Не помина долго време откако беше отпуштен од Вест Хем, а Греам Потер се чини дека е блиску до нов договор. Како што објави Би-Би-Си, Потер е во последната фаза од преговорите за позицијата селектор на Шведска.
Шведска го отпушти Јон Дал Томасон во вторник по лошиот настап во квалификациите за Светското првенство. Шведска е последна во Групата Б со само еден бод од четири натпревари.
Потер не е „странец“ за фудбалските фанови во Шведска. Од 2011 до 2018 година, тој го водеше Остерсунд, со кого стигна до првиот ранг од четвртата лига, и до титулата во Купот на Шведска во 2017 година.
Шведска се покажа исклучително лошо во квалификациите досега, но беше победник во својата група во Лигата на нации и на тој начин сè уште можеше да добие место во плејофот за Светското првенство, кое ќе се игра во САД, Канада и Мексико во 2026 година
Спорт
Аморим оптимист пред дербито со Ливерпул

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, нагласи дека неговиот тим мора да го потврди напредокот во претстојното дерби со Ливерпул.
Португалецот се осврна на нерешениот резултат 2:2 со Ливерпул во јануари, кој, според него, беше пресвртница во сезоната и доказ дека Јунајтед има потенцијал да се натпреварува со најдобрите.
„Се сеќавам дека тогаш одигравме многу добар натпревар. Бев разочаран по натпреварот бидејќи покажавме дека можеме да се справиме со секој ривал. Знам колку тој натпревар им значи на навивачите и колку е посебен за клубот. Но, сега мора да го повториме тоа и да докажеме дека сме напредувале“, рече Аморим.
Тој нагласи дека клучот за успехот во неделното дерби ќе биде ефикасноста во одлучувачките моменти:
„Мислам дека играме подобро од дуелот во јануари, но мора да бидеме подобри во двата шеснаесетника. Ова е уште еден натпревар што мора да го добиеме.“
Најголемото англиско дерби се игра в недела на „Енфилд“ од 17.30 часот.
Спорт
Бецеки го освои спринтот во Австралија, Дукати без подиум

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, триумфираше на спринт трката што се возеше во рамките на Големата награда на Австралија, 19-то коло од овогодинешното Мото ГП првенство.
Италијанецот ја освои својата трета спринт победа оваа сезона на патеката „Филип Ајленд“, со повеќе од три секунди предност пред Раул Фернандез од Трекхаус.
На двајцата им се придружи на подиумот Педро Акоста од КТМ Рејсинг, кој во фото-финишот беше за 66 илјадити делови подобар од миленикот на локалната публика, Џек Милер.
Иако возачот на Јамаха, Фабио Квартараро, стартуваше од пол-позицијата, борбата за триумфот се сведе на Бецчеки и Фернандес.
На крајот, Квартараро мораше да се задоволи со седмото место, а освојувачите на поени ги комплетираа Лука Марини на Хонда и Пол Еспаргаро, кој го заменува повредениот Маверик Вињалес во тимот Тех3.
Спринтот на „Филип Ајленд“ беше обележан и со уште едно разочарувачко издание на Франческо Бањаја, кој заврши на 19-то место.
Повредениот Марк Маркез, кој веќе ја освои титулата, води во генералниот пласман со 545 поени, неговиот помлад брат Алекс е втор со 366, додека Бањаја е трет со 274, но Бецеки е само осум поени помалку од него.
Foto/ EPA